Занимливости

11,000 карати, тежок скоро два килограми: Ископан гигантски скапоцен камен (Фото)

Рударите во Мјанмар ископале рубин од 11,000 карати за кој се смета дека е втор најтежок некогаш пронајден во оваа од војна разорена земја.

Рубинот, фотографиран во претседателската канцеларија во Нејпјидидо, тежи околу 2,2 килограми и е ископан во близина на градот Могок кој се смета за центар на рударство на скапоцени камења во Мјанмар, пренесува Скај Њуз.

„Необработениот рубин е откриен во април после Новогодишниот фестивал“, се наведува во извештајот на организацијата Global New Light of Myanmar.

Скапоцениот камен се смета за втор најголем по тежина некогаш пронајден во земјата.

Иако е за половина полесен од каменто пронајден во 1996 година од 21,450 карати, најновото откритие се смета за вредно поради супериорната боја и квалитет.

Тој е опишан како „висококвалитетен камен со лилјаково – црвена нијанса со жолти поттонови, умерена транспарентност и силно рефлектирачка површина.“

Мјанмар произведува дури 90 % од рубините на светскиот пазар кој во главно потекенуваат од подрачјата Могок и Монг Хсу и се смета за главен државен извор на приходи.

Во регионот на горен Мандалај, каде е пронајден каменот, неодамна се водиле интензивни борби во граѓанската војна од големи размери.

Активистите и организациите за човекови праша, вклучувајќи ја и британската истражувачка група Global Witness, ги повикале златарите да престанат да купуваат скапоцени камења од Мјанмар за кој велат дека служел како „витален извор на приходи за неговата воена влада“ во текот на неколку децении.

Претседателот Мин Аунг Хлаинг, водач на воениот удар од 2021 година, повторно бил изран за претседател во април по парламентарните избори кои многумина ги оцениле како спорни и организирани од страна на војската, пренесуваат медиумите.

Извор: b92.net