- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Наредните вкупно три членарини ќе ги пренамениме за вакцинирање пред се на членовите, но прво Спасовски да ги сопира

СПМ - Работник
408views
Фејсбук статус на СПМ: 
 
Почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, почитувана Македонска јавност, 
 
Во текот на вчерашниот ден од страна на Министерството за здравство беше издадено соопштение дека нема никаква пречка Македонските државјани да се вакцинираат во Србија или која било друга земја ако добијат уредна потврда”.
 
Како Синдикат грижејќи се пред се за здравјето и животот на вработените во Министерството за внатрешни работи изјавуваме дека ќе ги преземеме сите мерки и дејствија се со цел да обезбедиме услови за вакцинирање на оние колеги кои ќе изјават желба за тоа. Но за жал, во голем број на услови сме оневозможени да го сториме тоа од причини што како што сте запознати со првиот ден на стапувањето на позицијата Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски првата активност пред се му беше да ја сопре членарината за Синдикатот😢⛔
 
Бидејќи како Министер за внатрешни работи со прст до сега нема помрднато за преземање на мерки околу вакцинирање на вработените, Синдикат на Полиција во Македонија ја  известува јавноста и Министерот Спасовски дека највисоките структури на СПМ донесоа ОДЛУКА целиот износ од наредните вкупно три членарини од членовите да ги пренамениме во организација за вакцинирање пред се на нашите членови а после и на останатите вработени во Министерството.
 
Ајде Министре Спасовски преземете барем еден разумен чекор, одблокирајте го незаконското незапирање на членарина и дозволете ние како Синдикат да се грижиме за здравјето на вработените бидејќи пред се тоа е наша обврска. 
 
Господине Спасовски, од Вас зависеше дали паролата која ја воведовте „Задоволна полиција- безбедни граѓани “ ќе се постигне или не. 
     Колку е задоволна полицијата треба да се запрашате…! ВИЕ сте на потег❗