3 рани знаци на синдромот на согорување

Согорувањето или т.н. „burnout“ на работното место не е нова појава. Терминот за првпат е искован во 1970-тите за да се опише исцрпеноста која вработените ја чувствуваат на работните места. Но, дури после три години Светската здравствена организација официјално го признала како професионална болест која е резултат на „хроничен стрес во работното опкржување кое не е успешно контролирано“.

Сепак, согорувањето може да има безброј симптоми. Меѓутоа, не сите се очигледни, рекла д-р Венди Сузики, невронаучник од Универзитетот во Њујорк за CNBC Make It.

„Можеби постоајно се чувствувате загрижено, луто или уморно. Постои цел спектар на негативни емоции и физички симптоми на согорувањето“, рекла таа.

Светската здравствена организација ги смета исцпреноста, цинизмот и намалената продуктивност за едни од најчестите симптоми на согорувањето.

Posao, bornout

Фото: Pexels

Постојат три рани знаци на бурноутот: одложување на обврските, постојано пречење и апатијата

Нормално е понекогаш да сте сколни кон одолговлекувањето. Ако ви треба повеќе време од обично да ја завршите работата, тоа може да значи дека сте под голем притисок и дека вашиот мозок не го поднесува добро континуираниот стрес или доколку сте оддалечни од работата која ја работите, вели Сузуки.

„Сите се‘ уште се опоравуваме од екстремните промени на работа и во училиштата во текот на последните две години“, додала таа.

Борбата со постојаните попречувачи на работа е уште еден скриен знак дека сте на пат да станете жртва на согорувањето. Истражувањата покажале дека согорувањето може да го отежни фокусирањето и задржувањето на задачата.

Posao, bornout

Фото: Unsplash

Апатијата е еден од „најголемите“ и најнесфатените симптоми на согорувањето

„Не морате да бидете преплавени со негативни емоции за да почувствувате бурноут. Исто така, можете да имате став дека ‘повеќе не ви е важно“ за работите за кои некогаш сте се грижеле. Апатијата може да се појави и како недостиг на мотивација, како да тоа што го работите не е важно“, објаснила таа.

Еден од најважните чекори кон сузбивање на согорувањето е да станете посвесни за она што предизвикува негативни емоции  кај вас, како бесот, тагата или стравот и препознавањето на истите кога ќе се појават наместо нивно потиснување, истакнала Сузуки.

Следниот пат кога ќе се почувствувате дека сте под стрес или под некоја друга негативна емоција, Сузуки предлага да се запрашате: „Од каде доаѓа ова чувство и зошто се појавува сега?“

„Потребно е повеќе да бидете во контакт со широкиот спектар на емоции, што е многу, многу важно, бидејќи ако ги криеме во подрумот, така да се изразиме, предолго, само ќе се влошат и на крајот ќе побегнат и нема да може да се контролираат“, смета таа.

Сузуки препорачува и да пронајдете терапевт или сертифициран советник за ментално здравје кој може да ви помогне да ги поврзете точките помеѓу вашите симптоми и основната причина за согорувањето кое можеби го доживувате, како и да ви помогне да направите акционен план за управување со вашето согорување.

Извор: BIZLife

Фото: Freepik