- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

400.000 евра европски пари за опремување на пожарникарите во пограничните општини со Бугарија на југоистокот од земјава

Пожарникари - Работник
1.23Kviews

Со европски пари пограничните региони од Македонија и Бугарија ќе ги опремуваат противпожарните единици за справување со шумски пожари. За таа намена Југоисточниот плански регион од македонска и асоцијацијата на Југозападни општини од бугарска страна на располагање имаат буџет од близу 400.000 евра. Преку овој проект сите 112 пожарникари од југоисточниот регион ќе добијат специјализирана лична заштитна опрема за шумски пожари. Проектот се реализира како резултат на анализата која покажала дека ниту една противпожарна единица во овој регион не поседува одела наменети за шумски пожари.

За пожарникарите набавката на новата опрема е многу значајна бидејќи со неа ќе се овозможи многу поголема ефикасност за време на интервенциите  во шума, а истовремено ќе се зголеми нивната безбедност.

Проектот предвидува и формирање на прекугранична мрежа за превенција и одговор од природни и еколошки опасности кои настануваат од шумските пожари.

Проектот ќе се имплементира 24 месеци, период во кој се планирани повеќе специјализирани обуки, едукација на граѓаните, но и промоција и поттикнување на волонтеризмот.

Извор: Сител