5,000 нови работни места ќе отворат двете нови инвестции во ТИРЗ

„Во напредна фаза на преговори сме за уште две големи инвестиции со кои ќе се надмине една милијарда. Само овие инвестиции, во чии рамки над 70 отсто се на компании што прв пат инвестираат во Северна Македонија, креираат дополнителни близу 5 000 нови работни места“, изјави првиот човек на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски во гостувањето на ТВ Сител

Голема македонска компанија наскоро ќе инвестира во технолошко-индустриските зони, најави вечерва директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, додавајќи оти компанијата ќе поттикне отворање на инвестицискиот потенцијал на домашните компании.

Тој во вчерашното гостување на ТВ Сител истакна дека мора да се престане практиката на поделба на инвестициите на „наши“ и „ваши“.

„За помалку од две години постигнавме ниво на договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра што е или над две третини од обемот постигнат во целата измината декада. Во напредна фаза на преговори сме за уште две големи инвестиции со кои ќе се надмине една милијарда. Само овие инвестиции, во чии рамки над 70 отсто се на компании што прв пат инвестираат во Северна Македонија, креираат дополнителни близу 5 000 нови работни места“, рече Деспотовски и напомена дека овие резултати не се негови, туку се и на Владата, сите економски ресори, но и на граѓаните.

Меѓу другото, Деспотовски изрази очекување дека до крајот на 2024 година ќе се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени.

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Деспотовски истакна дека само лани во Буџетот се слеале близу две милијарди денари по однос на придонеси и персонален данок на доход што за три пати го надминува нивото на државна поддршка исплатено за компаниите. Тоа се, како што напомена, три пати повеќе средства за надминување на последиците од енергетската и останатите предизвици со кои се соочува македонската економија.

„Анализите на ТИРЗ покажуваат дека за едно вложено евро од државата, компаниите враќаат три, што е реален позитивен ефект од инвестициите и новиот концепт. Со новиот концепт, инвестициските договори на компаниите веќе вклучуваат врзување на дел од субвенциите со одредена динамика на раст на платите. Очекувам да продолжи растот од 2021 година кога платите во зоните првпат го надминаа државниот просек“,

рече директорот.