ЗанимливостиСветот на работникот

6 начини да напредувате, иако ништо не е сигурно

6 начини да напредувате - Работник
212views

Среде криза, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, светот како да се преврти наопаку и повеќе ништо не изгледа сигурно. Многу луѓе добиле откази, платите им се намалени или работат во потполно неочекувани околности. Во најмала рака, веројатно работите од дома и мислите како најдобро да ги искористите видеоконференциите и работата до далечина.

Како вашата кариера да ја држите под контрола во такви времиња?

Иако ова може да изгледа како малку веројатно време за градење на кариерата или пронаоѓање на нови можности, во реалност е можеби дури најдобро. Како и што рекол прочуениот Алберт Ајнштајн, „Сред потешкотии, се наоѓа и прилика“. Борбата, неочекуваните околности и неизвеснота можат да го отворат патот за нови можности доколку се водите според следните совети:

Останете фокусирани на иднината. Сите сакаме да работиме со луѓе кои се оптимистични и енергични, а тоа особено важи во тешки времиња како овие. Покрај тоа, едно истражување открило дека луѓето кои се пооптимистични се воедно и поуспешни и чувстуваат поголемо задоволство во својата работа, како и доживуваат помал стрес. Дозволете си себеси да биде уплашени и несигурни, но сепак пронајдете начини да одите понтаму и да останете понатаму позитивни. Ќе биде добро за вас, вашата работа, како и за оние околу вас.

Бидете иницијатор и понудите помош. Неизвесноста на работното опкружување може да ги намали стандардните граници помеѓу работните позиции, одделенијата, а тоа може да создаде идеални прилики за напредување во кариерата. Понудете се за помош на соработниците со кои инаку работите, но бидете расположени да придонесете и на полињата во кои обично не играте. Можеби поединечни колеги помалку работат затоа што мораат да се грижат за своите деца и вие можете да им помогнете во нивните задачи, или можеби вашата компанија ги решава новите проблеми во врска со предизвиците настанати како последици на коронавирусот и вашите вештини можат да придонесат во потполно нови области. Наместо само да чекате упаства, размислете за тоа како можете да помогнете и да ги искористите своите таленти и вештини во нови работни задачи.

Решавајте ги новите проблеми и воведете новини. Вашата компанија најверојатно ќе се сосретне со нови проблеми, кога се во прашање клиентите, но и кога се работи за вработените. Во ова време секоја работа на некој начин е поинаква, бидејќи контекстот на се многу се промени. Затоа мислете, мислете, мислете. Често новите идеи потекнуваат од поврзување на претходно неповраните идеи или вон типичниот пристап. Во услови на голема неизвеснот, можат да се родат нови идеи, нови начини на размислување и неочекувани решенија. Внесете го своето креативно размислување во проблемите кои вашата компанија сака да ги реши.

Бидете тимски играч. Кога се под стрес, некои луѓе не можат да дадат се од себе. Можат да имаат помалку трпение и да бидат поанксиозни. Иако ова е типично и може да ни се случи на сите нас, истовремено е и шанса да покажете колегијалност. Побарајте начин за искажување на емпатија. Без оглед дали ги охрабрувте колегите чиј партнер е неодамна отпуштен или му помагате на соиграчот кои се бори со новата технологија на видео конференции, бидете одличен тимски играч. Вашиот став и придонес се важни за вашето искуство, но и за искуството на оние кои ве опкружуваат.

Бидете флексибилни. Бидете подготвени да испробате нови работи. Веројатно, при толку нови проблеми кои треба да ги решите на својата позиција, ќе треба да придонесете и во другите сегменти. Гледајте на нив како прилика да напредувате и да ги надоградите вашите вештини. Вашата флексибилност ќе и користи на вашата организација, но истовремено е добра и за вашата кариера.

Издржете. Конечно, останете силни и продолжете понатаму. Веќе сте слушнале: ова е маратон, а не спринт, затоа фокусирајте се долгорочно. Лесно е да се биде позитивен и флексибилен краткорчно, но останете такви и покажете постојана одлучност. Упорноста и истрајноста во соочувањето со потешкотиите се клучни и за вашиот личен успех, но и за успехот на вашата компанија.

Бидете позитивни, преземете иницијатива, бидете иновативни, бидете тимски играч и бидете флексибилни. Фокусирајте се на иднината и останете силни за маратонот и тоа веројатно ќе се исплати не само за вашата кариера на долг рок, туку и за вашиот душевен мир на краток рок.