ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

7,000 работни места се изгубени поради корона кризата

Над 12.000работници пријавиле нарушување на работничките права, а 7000 останале без работа. Ова е данокот што го зеде корона кризата. Според анализите на штипското здружение Гласен Текстилец повеќе од 30% од вработените во изминатите година и половина се соочиле со незаконски отпуштања, несоодветни услови за работа, непочитување на работничките права.

  „Посебно во една ваква економско-здравствена криза од светски размери  многу жени останаа без работа и токму тие најмногу ја почувствуваа кризата. Од започнувањето на корона вирусот ние дававме конкретни мерки, што треба да се направи за да нема губење на работни места . Први ние укажавме на злоуптребите со државната помош„-изјави Кристина Ампева од Гласен Текстилец

Приказната за работниците од штипската конфекција „Алкон-текст„ отворајќи и затворајќи фирма на иста локација е типичен пример како може да се манипулира со законот. Потребно е вклучување на сите институции. За штипските борци за работнички права изминатиот период треба да биде лекција од која ќе се извлече силна поука.

Повеќе на Алфа.мк