84.000 вработени во администрацијата ќе добијат К-15
Време за читање помалку од минута
Со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштија од владината прес служба.
„Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.
Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права“ се наведува во соопштението од Владата.
Latest posts by Редакција (see all)
- Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ - 16/05/2025
- На петгодишната од своето постоење СПМ одржа Собрание - 16/05/2025
- Орце Коцевски реизбран за претседател на СПМ - 16/05/2025