Ако патувате во Хрватска, внимавајте на ова! Туристите се’ почесто мета на нова измама
Со приближувањето на туристичката сезона во Хрватска, се очекува ново поскапување на услугите во земјата, особено на крајбрежјето. Меѓутоа, една објава од Задар во последните дена предизвикала шок и бурни реакции на социјалните мрежи.
На Reddit се појавил наводен ценовник на една такси служба од Задар, напишан на хрватски и англиски јазик, а цените кои се наведени многумина ги оставиле без зборови.
Според првата тарифа, почетната цена на возењето и првите пет километри чинат 120 евра, додека секој нареден километар се наплатува дополнителни 24 евра.
Втората тарифа е уште поскапа – стартот на возењето изнесува 50 евра, а исто толку се наплатува и секој преминат километар.
На ценовникот се наведува дека еден час возење побавно од одредена брзина или чекање чини дури 60 евра.
Објавата брзо станала вирална и предивикала голем број на коментари, во главно негативни.
Многу корисници на социјалната мрежа ги оцениле ваквите цени како „грабеж на туристите“ и сериозен удар на репутацијата на Хрватка како туристичка дестинација.
„Дури и ако ценовникот стои на вратите на автомобилот, ова е премногу. Луѓето во брзање, пијаните или збунетите патници лесно можат да бидат измамени“, напишал еден корисник на Reddit.
Други отишле чекор понатаму и тврделе дека ваквите ценовници можат да служат за прикажување на лажни приходи и перење на пари, бидејќи такси услугата е тешко проверлива.
„Нема роба, нема магацини, доволно е да се издадат неколку сметки со огромни износи и да се прикажат како заработка“, се наведува во еден од коментарите.
Многумина сметаат дека ваквите цени би требало построго да се контролираат и да се регулираат за да се спречат злоупотреби и да се заштитат туристите во текот на летната сезона.
Извор: Telegraf Biznis/Dnevno

