ЕкономијаМакедонија

АНАЛИЗА: Фијаско на јавните инвестиции, во 2025 та реализација под 66%

Од ресорите со милионски буџети за капитални расходи, најголема реализација имале МВР и Министерството за социјална политика. Во Министерството за транспорт и Министерството за одбрана, кои располагаа со стотици милиони евра за јавни инвестиции, една третина од парите останала неискористена, пишува Порталб. Дел од ресорите не успеале да реализираат ниту 10% од планот, а неколку пак остварила над 90% од планираното.  Во 2025 капиталните расходи се реализирани со 65,76%. “Порталб” ги рангира ресорите според висината на буџетите и нивото на остварување на инвестициските проекти.

Кој ресор колку пари потрошил за капитални расходи

Министерството за транспорт и врски кое е на врвот според износот за капитални расходи, лани позиционирани на над 252 милиони евра, во економската 2025 та испорачало реализација од 73,1%.  Втор ресор со “најголем” буџет за инвестиции во износ од 124 милиони евра е Министерството за одбрана кое од годишниот план реализирало 64,3%. Реализацијата на капиталните расходи во Министерството за финансии-функции на држава, од каде се алиментираат носечки капитални проекти и на централно и на локално ниво, од вкупно 63 милиони евра, реализирало само 32,2%. Овој сегмент од Министерството за финансии е “задолжен” и за проектите на општините кои се финансирани од Унгарскиот кредит.

Министерството за внатрешни работи испорачало позначајни 82,7% реализација на вкупниот буџет во износ од 35,5 милиони евра.   Министерството за образование, кое лани имаше 42,5 милиони евра за капитални инвестиции, на крајот од годината испорача реализација од 60,4% додека Министерството за земјоделство од вкупната сума од 9,1 милион евра,  потрошило 78,4%.   Од вкупниот буџет за јавни инвестиции во износ од 8,5 милиони евра, Министерството за здравство потрошило 3,9 милиони евра или 53,5% од сумата.

Министерството за социјална политика и демографија од вкупно 7,1 милион евра за јавни инвестиции испорачало реализација од 78,8% а Министерството за животна средина од вкупниот буџет во износ од 58,4 милиони евра потрошило 70,3% додека во Министерството за енергетика реализацијата изнесува  61,6 %.

                                      Капитални расходи – реализација 2025 та

Мин за внатрешни работи                                              82,7%

Мин. за соц.политика и демографија                           78,8%

Мин за земјоделство                                                         78,4%

Мин за транспорт                                                               71,3%

Мин за животна средина                                                 70,3%

Мин за одбрана                                                                  64,3%

Мин. за образование                                                         60,4%

Мин. за здравство                                                              53,5%

Мин за финансии-функции на држава                          32,2%

Извор МФ

Во групата ресори со ниска реализација спаѓаат Министерството за локална самоуправа со само 16,2% и  Министерството за култура кое  потрошило незначителни 9,6% од вкупниот износ за јавни инвестиции а помалку од 10% реализација има и во Министерството за правда.  Министерството за економија и труд кое лани за капитални расходи имало незначителни 124 000 евра, испорача реализација од 41,5%.  Реализација од 55,2% има во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Позначајна реализација пак на капиталните расходи имаат Министерството за јавна администрација кое потрошило 96,6% од планираната сума и Министерството за дигитална трансформација 90,6%. Во оваа група е и Министерството за спорт кое располагаше со поголема износ за капитални расходи од над 8,5 милиони евра при што од оваа сума потрошило  96,9%.  Нула реализација на капиталните расходи има Инспекцискиот совет, Националната агенција за европски образовни програми и Бирото за судски вештачења. Годинава капиталните расходи се проектирани на ниво од 640 милиони евра. Од Министерството за финансии објаснија дека нивото на јавни инвестиции годинава е пониско во однос на лани поради реална проекција и структура на планираните капитални проекти.