АНАЛИЗА: Гостивар и Тетово со долг повисок од 11 милиони евра, три скопски ЈП должат скоро 36 000 000 евра
Само три ЈП формирани од Град Скопје, ЈСП, Водовод и канализација и Комунална хигиена, оваа година ја почнаа со вкупен доспеан а неплатен долг во износ од скоро 36 000 000 евра, пишува Порталб. На новата листа на Министерството за финансии на која се рангирани 900 должници, општините и ЈП формирани од општините и натаму котираат високо, со обврски што се бројат во милиони евра.
Доспеани а неплатени обврски на Тетово, Гостивар, Сарај, Чаир, Желино..
На ниво на државата, највисок износ на доспеан долг од скоро 14 300 000 евра има Општина Гостивар, рангирана на 9 то место на новата должничка листата на Министерството за финансии. Општина Гостивар во однос на крајот од декември 2025 тма намалување на долгот, но на годишно ниво , во споредба со првиот кавртал од лани, обврските се зголемени. Втора локална самоуправа е Општина Тетово со долг во износ од близу 12 000 000 евра и се наоѓа на 10 то место пришто на квартално ниво има намалување но на годишно има пораст на обврските.
Доспеани а неплатени обврски ( март 2026 , евра )
Општина Гостивар 14 284 202
Општина Тетово 11 974 062
Општина Желино 3 666 725
Општина Сарај 2 746 252
Општина Чаир 2 119 117
Извор : МФ
Општина Желино , спроред податоците од минстерството, на крајот на март имала доспеан долг во износ нешто повеќе од 3 666 000 евра, износ кој е понизок во однос на декември 2025 та но повисок на годишно ниво. Ос скопските локални самоуправи, Општина Сарај пријавиле долг од 2 746 252 евра додека Општина Чаир пак првиот квартал од годинава го завршила со долг во износ од скоро 2 200 000 евра.
Општинските ЈП должат над 107 000 000 евра
Милионски долгови повторно пријавиле и јавните претпријатија формирани од локалната Власт – вкупните доспеани а неплатени обврски на крајот на март изнесувале 107 650 000 евра , за околу 370 000 евра помалку во однос на декември лани.
На ниво на државата, од сите општински ЈП ( со исклучок на ЈП формирани од Град Скопје и од Владата) , со највисок должнички износ од скоро 9 700 000 евра е ЈП Водовод Куманово, следуваат ЈП Комуналец Струмица со должнички износ од близу 6 200 000 евра а ЈКП Тетово Ц.О. – Тетово пријавиле обврски во износ од речиси 5 900 000 евра.
Доспеани а неплатени долгови ( март 2026 , евра )
ЈП Водовод Куманово 9 686 104
ЈП Комуналец Струмица 6 156 789
ЈКП Тетово Ц.О. -Тетово 5 854 941
ЈП Водовод Охрид 5 327 428.
ЈП Чистота и Зеленило, Куманово 4 361 051
ЈП Водовод и канализација Струга 4 316 477
Извор : МФ
Од останатите општински ЈП, со милионски долгови се и ЈП Водовод Охрид со должнички износ од над 5 300 000 евра, ЈП Чистота и Зеленило – Куманово со нешто повеќе од 4 360 000 евра и ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од 4 316 477 евра.
Милионски долгови и на “скопските ” ЈП
Во првиот квартал милионски долгови прјавиле и ЈП формирани од Град Скопје и дел од нив котираат високо на должничката листа – рангирани меѓу најзадолжените во друштовото од 900 институции, сектори, министерства, општини. Јавното сообраќајно претпријатие на крајот на март имало долг нешто повисок од 15 000 000 евра , ЈП Водовод и канализација Скопје пријавило обврски во износ од над 14 000 000 евра а ЈП Комунална хигиена скоро 6 500 000 евра.
Долгови на ЈП основани од Град Скопје ( евра)
Март 2026 декември 2025
ЈСП 15 153 631 10 000 000
ЈП Водовод и канализација 14 335 180 18 300 000
ЈП Комунална хигиена 6 454 404 5 766 200
Извор : МФ
Во однос на состојбата на крајот од 2025 та, две од овие ЈП го зголемиле долгот, ЈСП за повеќе од 5 000 000 евра а ЈП Комунална хигиена за околу 700 000 евра додека само едно, ЈП Водовод и канализација генерирале намалување на обврските за околу 4 000 000 евра. “Порталб” повикувајќи се на информации од Регистерот за вработени во јавен сектор, веќе објави дека скопските ЈП се и најголеми работодавачи, со по околу илјада вработени. Конкретно, ЈП Водовод и канализација – Скопје има 1 050 вработени, ЈСП Скопје 1 022 вработени а ЈП Комунална хигиена имале 978 вработени во анализираната 2024 та година.

