АНАЛИЗА: Српските инвестиции во Македонија за една година зголемени за 11 пати, Владата очекува добри меѓусоседски односи со Белград
За скоро пет пати повисок увоз од Србија во Македонија во однос на нашиот извоз на српскиот пазар. Србија е во групата на пет најзначајни трговски партнери на Македонија. Инвестициите од Србија во земјава со значаен пораст во 2025 та во однос на претходните години, пишува Порталб. По политичката промена во Србија, од Владата Н РСМ очекуваат понатамошни добри меѓусоседски релации.
Повеќе од 33 милиони евра инвестиции од Србија во Македонија
Од телекомуникациски и медиумски сектор до банкарски и производствен бизнис – српскиот капитал во земјава е присутен во речиси сите економски сегменти. Официјалните податоци на НБМ за инвестициите од Србија во Македонија покажуваат интересен тренд на значаен раст на вложувањата на годишно ниво. Компаративната анализа на “Порталб” врз основа на податоците од НБМ покажува дека во 2025 та во однос на 2024 та година инвестициите од Србија во Македонија биле повисоки за повеќе од 11 пати. Конкретно во 2025 та износот на инвестициите од Србија во земјава надминал 33 110 000 евра додека вредноста на инвестициите во 2024 та година изнесувала 2 890 000 евра.
Инвестиции од Србија во Р.С Македонија
2020 4 330 000 евра
2021 -440 000 евра
2022 -10 470 000 евра
2023 4 230 000 евра
2024 2 890 000 евра
2025 33 110 000 евра
Извор: НБМ
За време на бизнис форумот „Србија – Северна Македонија”, кој неодамна се одржа во Скопје, претставници на српската бизнис заедница ги посочија клучните сектори во кои има српски инвестиции.
“Српските инвестиции во Северна Македонија надминаа 1,5 милијарди евра, од „Мтел”, „Ананас”, „Нектар”, „Имлек”, „Комтрејд”, „Вино Жупа”, Винарија „Чока”, до инвестиции во банкарскиот сектор, како што се купувањето на Стопанска банка Битолa од страна на нашата „Алта банка. Во исто време, во Србија работат повеќе од 1.000 компании чии сопственици се од Северна Македонија, со зголемено присуство во малопродажбата и недвижностите ” – изјави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.
Поголемо внимание во домашната јавност предизвика влезот на српскиот капитал во финансискиот и осигурителниот бизнис во земјава. Српската АЛТА Банка АД Белград ја купи Алта Банка АД Битола. Истата српска групација веќе е мнозински сопственик на осигурителната компанија Зоил Македонија – АД Битола. Оваа финансиска операција во повеќе наврати беше критикувана од опозициската СДСМ со тврдења дека во структурата и раководните органи поврзани со Алта банка во Македонија постојат лица блиски до владејачката структура во државава. Од СДСМ обвинија дека по политичката промена во Србија, започната е операција за пренос на пари во Македонија.
“Јавното обвинителство и Народната банка итно да отворат истрага за информациите дека српската „Алта банка” префрла големи финансиски средства на сметки во Македонија” – изјавија од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува добрососедските односи со Србија да продолжат а обвинувањата од опозицискиот блок ги оцени како кампања на конструкции и лаги.
„Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат, очекувам дека како добри соседи ќе работиме на раст на нашите економии, во двете земји” – изјави премиерот Мицкоски.
Економските односи меѓу Србија и Македонија засилија во изминатите години. Владата најави неколку стратешки инвестициски проекти со соседот. Во август годинава двете страни потпишаа договор за Интерконекцискиот гасовод, чија изградба треба да заврши најдоцна до крајот на 2028 та година. Втор значаен мега-проект вреден 2 милијарди евра е изградбата на Брзата железница од Коридорот 10. Меѓу двете земји веќе се потпишани договори и протоколи за заедничко економско поврзување во пресрет на светскиот саем “EXPO 2027“ што треба да се одржи во Белград.
Со вкупна трговска размена од над 1 210 000 000 евра, соседна Србија е во групата на пет најзначајни трговски партнери на Македонија. Географски блискиот пазар кој граничи со земји – членки на ЕУ, за македонските компании значи извоз во вредност од скоро половина милијарда евра.
Трговска размена Македонија-Србија
Извоз во Србија 457 872 000 евра
Увоз од Србија 752 686 000 евра
Вкупна трговска размена 1 210 000 000 евра
Извор: Завод за статистика
Податоците од државната статистика покажуваат дека лани Македонија во Србија извезла стоки, услуги и производи во износ од 457 872 000 евра, со пораст на извозот за 2,2% во однос на 2024та. Од друга страна од Србија во Македонија во истиот период е регистриран увоз од 752 686 000 евра , со годишен раст за 10,6%.

