ЕкономијаМакедонија

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот останува со иста цена

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за два денара, додека цената на дизел горивото ќе остане непроменета, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени ќе важат од 19 декември, од 0:01 часот.

Според одлуката, максималната малопродажна цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар. Цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува 66,50 денари за литар, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 ќе се продава по 65,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе има цена од 32,635 денари за килограм.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денара по литар, додека цените на дизел горивото, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат непроменети.

Од Регулаторната комисија појаснуваат дека станува збор за максимални цени и дека трговците на големо и мало имаат можност да ги формираат цените и на пониско ниво од утврдените.