ЕкономијаМакедонија

Просечната плата во 2026 година ќе порасне за 10%, минималната за околу 7%, вели Јанкуловски

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски вели дека очекува раст на просечната и на минималната плата во следната 2026 година. Тој ова го изјави во вчерашната дебатна емисија „Бизнис 21“ на ТВ21.

„Согласно проекциите кои ги имаме, очекуваме просечната плата да порасне околу 9,5 до 10% во 2026 година, а минималната плата околу 7%“, рече Јанкуловски. 

Во однос на пензионерите, Јанкуловски потенцираше дека тие веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни покачувања, согласно законските и фискалните можности.