ЕкономијаСвет

Бесплатна куќа и сигурна работа: Мало шпанско село ја нуди шансата на животот, а условот е само еден

Додека големите градови се борат со пренаселеност и вртоглави цени на недвижностите, едно мало село во Шпанија нуди потполно поинакво сценарио.

Арнелијас, село во провинцијата Сориа од севкупно 40 до 45 постојани жители, одлучило да тргне во радикална борба за опстанок нудејќи им на идните соседи услови кои звучат речиси неверојатно.

Што точно добивате?

Локалните власти на почетокот од 2026 година го стартувале планот кој подразбира комплетен пакет за нов почеток:

  • Потполно реновирана куќа на користење без плаќање на закуп.
  • Постојана работа за еден член на домаќинството на одржување на општинските објекти.
  • Можност за дополнителен бизнис, односно преземање на водењето на локален бар кој е центар на друштвениот живот на селото.

Селото се наоѓа само на два часа возење од морето, опкружено со нереална природа, а целта на оваа иницијатива не е економски развој, туку гол опстанок на заедницата.

Постои само едно „но“

Иако понудата делува како одмор од соништата, таа носи строга обврска. Од избраните семејства се очекува трајно да се доселат и да станат активен дел од заеднициата. Пресметката на селото е јасна: секое ново семејство ги носи децата во училиштето, поголем промет во локалните продавници и го осигурува зачувувањето на јавните услуги кои без луѓе би можеле да бидат угасени.

Интересот е огромен

Дека потребата за сигурност и решено станбено прашање е глобален тренд, потврдува и податокот дека за само неколку дена стигнале повеќе од 100 пријави од различни земји на светот. Експертите истакнуваат дека ваквите модели на „купување на жители“ стануваат сѐ почести во деловите од Европа погодени со депопулација.

Феномен на „Празна Шпанија“

Аренијелас не е осамен случај.

Шпанија со години се бори со феноменот познат како „Празна Шпанија“, каде што во цели региони населението е поретко отколку во некои делови од Скандинавија.

Слични мерки, како продажба на куќа за едно евро и парични поттикнувања за доселување, веќе се применливи и во општини во Италија, Хрватска и Португалија.

Сепак, како што напоменуваат аналитичарите, за долгорочен успех на ваквите места клучни ќе бидат и други фактори – пред сѐ квалитетна интернет врска, инфраструктура и достапноста на здравствени услуги.

Извор: Blic.rs