СветСветот на работникот

Државата зема и до 40 % од заработката: Во кои европски земји на вработените им остануваат најмногу пари

Колкав дел од платата навистина завршуваат на сметката на вработениот, а колку одат на даноци и придонеси? Новите податоци на Евростат покажуваат дека разликите меѓу европските држави се огромни – од држави во кои работниците ја задржуваат речиси целокупната заработка до оние во кои повеќе од третина од платата одат кон државата.

Според податоците за 2025 година, објавени во средината на 2026 година, самците без деца во просек издвојуваат 29,1 % од бруто заработката на даноци и задолжителни придонеси на ниво на Европската унија.

Во просек, граѓанинот на ЕУ годишно заработува 37.958 евра бруто, но на сметката му легнуваат 26.929 евра нето. Тоа значи дека дури 11.029 евра одат на даноци и други задолжителни давачки.

Романија на врвот, Кипар на дното на листата

Најголемо оптоварување на платите бележи Романија, каде дури 41,5 % од бруто платата одат на државата. Следуваат:

  • Литванија – 39,1 %
  • Белгија – 37,6 %
  • Словенија – 26,9 %
  • Германија – 34,8 %
  • Данска – 34 %
  • Унгарија – 33,5 %.

На другиот крај на листата се наоѓа Кипар, каде за даноци и придонеси се издвојуваат 15,1 % од бруто платата. Следуваат Грција со 17 %, како и Чешка, Ирска и Португалија со нешто повеќе од 21 %.

Германија е најскапа за вработените

Меѓу четирите најголеми економии на Европската унија најголемо даночно оптоварување има Германија, каде државата зема 34,8 % од платата.

Во Франција тој удел изнесува 26,2 %, Италија 24,1 %, додека Шпанија со 22,1 % се меѓу земјите со пониско оптоварување.

Податоците покажуваат и интересен геогрфски образец – земјите од јужна Европа во главно имаат пониско даночно оптоварување, додека поголемите даноци се почести во централна и источна Европа.

Семејствата со деца поминуваат значајно подобро

Еден од најинтерсните заклучоци од истражувањето е дека присуството на деца значајно ја менува даночната слика.

Во поединечни земји, благодарение на даночните олеснувања и семејните давачки, семејствата со две деца практично не плаќаат даноци и придонеси или дури добиваат повеќе од тоа што номинално го заработиле.

Најголем пример е Германија. Самец без деца на државата и’ дава 34,8 % од бруто платата, додека брачен пар со две деца и еден вработен практично ја задржува речиси целата плата.

Разликата на годишниот нето приход помеѓу овие две домаќинства изнесува дури 16.424 евра.

Даноците не се единствен показател

Економистите предупредуваат дека даночното оптоварување не може да се гледа само низ данокот на доход, туку и низ придонесите за социјално осигурување, кои значајно се разликуваат од земја до земја.

Поради тоа, земјите со наизглед пониски даноци понекогаш имаат поголемо вкупно оптоварување, додека некои држави со високи даноци истовремено нудат издишни социјални бенефиции и олеснувања за семејствата.

Извор: BIZLife.rs