ПравдаСветот на работникот

Дали кај соседите ќе има трајна работа од дома?

Помеѓу предлозите за измена на Законот за работни односи во Хрватска, на прво место секако ќе се најдат пофлексибилните договори за работа на неопределно време, тн. решение за полибреални услови во кои договорите за работа во иднина можат да се откажуваат. 

Подоцна, според најавите на хрватскиот министер за труд Јосип Аладаровиќ, би требало да се модернзираат одредбите за работа од дома или на далечина, како и можноста за зголемување на часовите за дополнителна работа, а синдикатите и работодавачите веќе најавиле дека тие имаат малку подолга листа на желби, пишува Јутарњи лист. 

Околу најчувствителното прашање, отпуштањето, и Министерството за труд, како и работодавачите, сметаат дека токму пофлексибилните договори би требало да влијаат на тоа да се намали бројот на нови договори на определено време. 

Имено, тие во последните години во Хрватска станале практично правило, а според Законот за работни односи би требало да биде исклучок. 

Привремена и постојана работа. 

Како што дознава Јурани лист, се верува дека во ЗОР би требало да се задржи постоечкиот член за „работа на посебно работно место“ и да се воведе нов член за „работа на далечина“ кој би предвидуал два дела и тоа едниот би бил привремена работа на делечина и постојана работа на далечина.

Во првиот случај би се овозможило на работниците да работат повремено по желба надвор од работното место, но самите би биле одговорни за условите во кои ќе работат. За постојана работа на далечина се предложува да се утврди неданочен надоместок за трошоците кои работникот ги има во сопствените простории каде овие трошоци ќе бидат платени од работодавачот.

Работодавачите имаат и бројни предлози за поедноставување на одредите од законското регулирање на работното време, меѓу другото повторно на дневен ред ќе биде паузата за време на работа да не влегува во работното време, односно да не биде платена истата.

Евиденција на работното време

Се бара и да се поедноставни евиденцијата на работното време, кое вклучува и прекувремена работа, на пример воведување на можност за дефинирање на рамномерна работа за одредени категории работници (особено оние кои можат да работат во флексибилен режим).

Кругот на лица кои самостојно го одредуваат своето работно време ќе се прошири, а одредбите за годишен одмор би се поедноставиле, особено оние што се однесуваат на планирање, користење и исплата на годишен одмор.

ХУП исто така би направиле промена во членот 95 од ЗРО со дефинирање на „чекање за работа“ во вонредни околности, како што е, на пример, пандемија. Предлогот е да се пропише основа за пресметување на надоместокот за „чекање за работа“, исто како и надоместокот за невработеност, кој би се плаќал од државниот буџет, за да не биде на терет работодавачот.

„Чекање“ би значело дека работникот е сè уште формално вработен додека не истечат вонредните околности. Работодавачите, покрај тоа, сугерираат државата ги ослободи од придонесите за здравствено и пензиско осигурување и други придонеси за време на периодот на чекање, со цел да се амортизираат трошоците и да се зачува работното место.