Светот на работникот

Децата родени после 2025 нема да знаат што е тоа пензија, канцеларија, класично образование

Генерацијата Бета започнала да се раѓа на 1 јануари 2025 година, а одредени експерти предвидуваат дека ќе биде уште подлабоко нурната во светот на вештачката интелигенција и технологијата отолку сите претходни генерации, пишува Trender.

Оваа генерација ќе биде родена во ерата на вештачката интелигенција. Канцеларијата, традиционалните вредности, пензијата нив ќе им бидат непознати работи. Ќе се ценат само прилагодливоста и дигиталните вештини. Имајќи го тоа предвид, генерацијата Бета нема да има кариера слична на денешната. Ќе менува индустрии, тимови, технологии.

Ќе го избегне традиционалното образование. Нивни професори ќе бидат ВИ агенти, ќе посетуваат кратки курсеви, постојано ќе напредуваат. Нивните квалитети ќе се огледаат во креативноста, комуникацијата, лидерството, емоционалната интелигенција, прилагодливоста.

Последното може да биде и најважно.

Генерацијата Бета наследува свет со големи предизвици

Границите помеѓу генерациите никогаш не се сосема прецизни, но се проценува дека припадниците на генерацијата Бета ќе се раѓаат сѐ до 2039 година. Пред нив доаѓа генерацијата Алфа (2010 – 2024), потоа генерацијата З (отприлика 1996 – 2010) и миленијалците (1981 – 1996).

Демографот и футуролог Марк Мекриндал оценува дека новата генерација ќе „наследи свет кој се соочува со големи општествени предизвици“. Климатските промени, растот на популацијата и забрзаната урабнизација, според неговите зборови, ќе ја направат не само посакувана, туку и очекувана вредност.

Останува фактот дека генерациите се намалуваат пребрзо. Со тоа се согласува и Џејсон Дорси, истражувач не генерации и автор, кој вели дека не поминало многу време откако за миленијалците зборувавме како за деца.

Дорси смета дека генерацијата Бета ќе порасне во сосема поинакви околности од генерацијата Алфа. Децата на младите миленијалци и постарите припадници на генерацијата З ќе се раѓаат во свет кој веќе ја поминал пандемијата со коронавирус. Многу од нив, вели, ќе го доживеат и 22 век.

За разлика од постарите генерации, веројатно нема директно да го искусат затворањето на школите и изолацијата во текот на пандемијата, но ќе пораснат во семејства кои тој период трајно ги променил.

„Тоа за нив ќе биде нешто низ што можеби поминале постарите браќа или сестри, или нешто за што ќе учат од историја, но не и настан кој самите го доживеале“, рекол Дорси.

Климатските промени за нив ќе останат огромна тема

Експертите очекуваат дека генерацијата Бета ќе биде уште посилно поврзана со паметните уреди и ВИ системите. Како и генерацијата Алфа, ќе ја користат технологијата за решавање на секојдневни проблеми.

Истовремено, климатските промени за нив ќе бидат многу поконкретна и понепосредна реалност. Како што ќе растат, политичките и општествените лидери од генерацијата Х и „бејби бумерите“ постепено ќе бидат заменувани од миленијалци и припадници на генерацијата З.

„Многу е можно дека генерацијата З ќе биде на политички функции кога генерацијата Бета ќе биде доволно стара да гласа“, вели Дорси. „Климатските промени за нив ќе останат огромна тема.“

Како и претходните генерации, Бета ќе расте со социјални мрежи, иако е тешко да се предвиди како тие ќе изгледаат за десет или петнаесет години. Сепак, одредени експерти веруваат дека родителите од генерацијата З би можеле да се обидат да ги заштитат своите деца од постојаното седење на интернет, стереотип кој денес ја следи генерацијата Алфа.

Додека постарите миленијалци во главно ја интегрираат технологијата во животот на своите деца, Мекриндл смета дека родителите од генерацијата З би можеле да имаат повнимателен пристап.

„Генерацијата З многу добро ги разбира предностите и маните на социјалните мрежи“, напишал тој. „Тоа се технолошки најписмените родители досега, па токму затоа подобро ги гледааат негативните последици од претерано време пред екраните.“

Извор: Trender