МакедонијаСиндикат

Ралповски: До март следната година ќе се потпишат колективните договори со кои вработените ќе добијат покачување

Ако се почитуваше Законот за минимална плата (членот 8) денеска немаше да разговараме за минимална плата од 500 – 600 евра, туку ќе разговаравме за многу поголема плата, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во вчерашното гостување на Тема на Денот на Сител телевизија.

„Работодавачите јавно кажуваат дека не можат да го издржат зголемувањето на платите во сите сектори и затоа оставаат простор во одредени сектори коишто и за нив се високо-платени дејности, за коишто може да се договараме низ грански колективни договори за да се зголеми платата. Тоа ќе биде инпут и за зголемување на минималната плата и на просечната плата. Во таа насока, можат да се решат и примањата на оние работници со најниски примања“, рече Ралповски.

Ралповски дообјасни дека може да се гарантира 600 или 700 евра минимална плата во туризмот и угосистелството каде што има дефицитарен кадар или сума од 700 евра во градежништвото каде што се бараат багеристи, кранисти, мајстори итн, додавајќи дека има простор каде може да се договори таа минимална плата.

„Ние го заборавивме бипартитниот социјален дијалог. Очигледно дека овие години популизмот што настана во државата, само да се собираат политички поени, ние заборавивме на колективните договори на ниво на сектор каде што имаме двајца преговарачи. Тука Владата не се меша. Преговараат работодавачот и работниците“, посочи Ралповски.

Тој додаде дека и двете страни имаат интерес и можат да си помогнат заеднички.

„И тие имаат разбирање околу тој дел, но треба да се најде заеднички јазик. Ниту ние (работниците) не треба да бараме премногу, ниту пак тие (работодавачите) не треба да не попуштаат воопшто“, рече Ралповски.

Во однос на најавите за протести и штрајкови на ССМ, Ралповски истакна дека во минатите година, година имало имало многу турбуленции околу платите во јавниот сектор.

„Еве ќе почнам од Управата за водење матични книги. Во 2023 година првпат минималната плата се воведе како основна плата. Во 2024 година со потпишување на Општиот колективен договор во 23-та требаше да се тргне, но успеавме да го задржиме. Во 2024 – 2025 ги усогласивме платите. Има расположение од Владата, тоа го кажаа уште во април месец. Требаше да се започне во мај месец, каде платите требаше кумулативно да се зголемат за 7-5-5-7. Кумулативно требаше да биде над 26 %. Еден од синдикатите на ССМ тоа го опструираше, но еве ги уверувам сите дека следната година до март ќе се потпишат колективните договори и сите ќе имаат покачување. Тоа им е јасно и на вработените во Управата за матични книги. Никој нема да биде изземен и да добие повеќе покачување од она што е договорено помеѓу сите синдикати. Тоа се некаде 8-9,500 вработени во управи и агенции кои немаат никакво покачување“, рече Ралповски.

Спомена дека во изминатата година направиле исчекор и во образованието и во здравството.

„Платите заклучно со март ќе се покачат за 20 %. Ако направиме споредба, во 2022 немавме никакво покачување, а сега за една година имаме покачување од 20 %. Истото е и во образованието. Ако овој тренд се држеше и претходно, ако се почитуваше Законот за минимална плата како што се почитува и сега, кажав, но уште еднаш ќе повторам, ние сега ќе имавме и над 500 евра минимална плата“, истакна Ралповски.