МакедонијаСиндикат

„Дваест години не се само бројка“ – КСС одбележа 20 години постоење

Вчера , Конфедерацијата на слободни синдикати слави значаен јубилеј, слави 20 години од своето формирање, 20 години свое активно делување во сферата на синдикалното организирање и заштитата на работничките права.

Дваесет години не се само бројка.

Тие се две децении борба – за правото на глас, за правото на достоинствен труд, за правото на правда.
Дваесет години се доказ дека синдикат не се создава преку ноќ – тој се гради, се брани, опстојува, расте и се развива со визија, храброст и солидарност.

Од формирањето на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија до сега постојат клучни настани кои го предефинираат пазарот на трудот, а воедно се издигнаа и личности чии што имиња сега се синоним за синдикалната борба. Личности кои, не само што беа меѓу основачите на КСС, туку и останаа доследни на идејата дека синдикатот мора да биде силен, гласен и истраен.

Денес во х. Александар Палас прославуваме 20 години полни со промени, успеси, континуирана борба, одлучност и лидерство низ тешки синдикални, но и сложени економски, социјални и општествени предизвици, борба за меѓународна видливост и бескомпромисна заштита на работничкото достоинство.

На едно место се присутни членови на синдикатот, како негова основа, претседателите на гранковите синдикати при КСС, соработници, пријатели, социјални партнери и сите оние кои придонеле во развојот и успешното работење на КСС.

Денес ја славиме историјата, но уште повеќе ја потврдуваме нашата решеност и понатаму да бидеме гласот на работникот, столбот на вистински социјален дијалог и чуварот на социјалната правда.

Денес даваме посебна важност на основачите на КСС кои ја дадоа визијата и насоката на движење и секако сегашниот Претседател Благоја Ралповски кој 10 години успешно се справува со сите предизвици, човек кој знае да обедини, да води со визија, кој го зајакна и прошири синдикатот, даде силен отпор на прекршувањето на работничките права и со својот несебичен придонес помогна во јакнењето на слободното и демократско синдикално движење.

Под негово лидерство, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија продолжува со уште посилно темпо, цврсто чекорејќи по патот на раст, меѓународна видливост и бескомпромисна заштита на работничкото достоинство.

На конференцијата беа присутни високи државни претставници, соработници, претставници од бизнис секторот, синдикални организации кои имаа можност да се обратат пред присутните, да дадат свое гледиште на изминатите години и да го честитаат овој голем ден.

Во изминатите 20 години, КСС претставува симбол на борба, истрајност и посветеност, постојано стоејќи на страната на работникот и бранејќи го неговото достоинство и правата