МакедонијаСиндикат

КСС заедно со Solidarity Center одржуваат Академија за лидерство

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија заедно со Solidarity Center од Америка организира ,,Академија за лидерство на КСС”/KSS’s Leadership Аcademy која се одржува од 19-21 Октомври во Охрид. Синдикално лидерство, организирање и активизам е првиот од трите модули на Академијата. Целта е учесниците да се стекнат со потребните вештини за ефикасно синдикално лидерство и да умеат ефективно да учествуваат во синдикалното движење. Учесници на академијата се претставници од Секцијата на млади и Секцијата на жени при КСС. Претставници од Solidarity Centar се Kejsi Gaxha и Steven McCloud, програмски директор за Албанија, Косово и Македонија.