МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Конференција: Колку се безбедни вработените во образование и наука?

   Време за читање 1 минута

Бобан Илијевски

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК во соработка со Македнското здружение за заштита при работа – МЗЗПР, денеска одржува конференција на тема: „Безбедност и здравје при работа во дејностите на образование и наука“.

Конференцијата ја отвори Претседателот на СОНК, Јаким Неделков. На истата присуствуваат членови на СОНК, претседатели на грански синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, претставници од синдикатите од регионот, како и претставници од МЗЗПР. На конференцијата учество зеде и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој имаше свое обраќање пред присутните. Во него, тој посочи дека МОН активно работи на подобрување на безбедноста во училиштата и градинки, како и дека гради нови установи.

Тој побара од СОНК заклучоците од конференцијата да бидат доставени до МОН.

Инаку, на Конферецијата се презентираат резултати од анкетата направена во образование и наука за тоа колку вработените се запознаени со безбедноста и здравјето при работа.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси