20 години КСС – Раѓање на достоинството на работникот: традиција, борба, иднина!
Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија:
20 години КСС – Раѓање на достоинството на работникот: традиција, борба, иднина! ![]()
во хотел „Александар Палас“ – Скопје,
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија свечено одбележа 20 години посветена борба за работничките права и достоинството на трудот.
На настанот присуствуваа и се обратија високи државни претставници – во името на Владата, Заменик министерот за труд и социјална политика Марјан Ристески, Проф. д-р Лазар Јовевски, Емил Крстановски од Меѓународната организација на трудот, Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија, синдикални организации, бизнис заедницата и долгогодишни соработници на КСС.
Во изминатите 20 години, КСС претставува симбол на борба, истрајност и посветеност, постојано стоејќи на страната на работникот и бранејќи го неговото достоинство и правата.
Со почит кон минатото,
со борба во сегашноста
и со визија за иднината –
КСС останува гласен, цврст и непоколеблив заштитник на работникот.



