ЕкономијаМакедонија

ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал паднаа за 8,8%

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2026 година изнесуваат 4.7 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2026 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 13.5 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 3.7 %

Откупот и продажбата во третото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од претходната година се намалени за 8.8 %