ЕкономијаМакедонија

Една плата, двајца вработени или дополнителна работа: Колку приходи му се потребни на едно семејство?

Може ли едно семејство во Македонија да живее со една просечна плата или денешните трошоци бараат двајцата родители да бидат вработени? Последните официјални податоци покажуваат дека просечната нето-плата достигнала 49.141 денар, но кога од тој износ треба да се платат храната, сметките, превозот, трошоците за децата и евентуалната рата за кредит, просторот за штедење може значително да се намали. Анализата на „Фактор“, базирана на податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), покажува колкава разлика прави втората плата и зошто просечната заработувачка не е исто што и доволен приход за едно семејство.

За повеќето домаќинства, прашањето не е само колку пари влегуваат во семејниот буџет, туку и колку остануваат по плаќањето на основните животни потреби.

Едно е семејство што живее во сопствен стан без кредит, а сосема друго е домаќинство што плаќа кирија или станбен кредит. Различна е финансиската состојба и на семејство со две мали деца во однос на домаќинство без деца.

Токму затоа не постои една универзална сума што може да се прогласи за доволна за сите семејства во Македонија.

Повеќе прочитајте тука