ЕкономијаСвет

Европската комисија за барањата на превозниците: Прашањето со работата во ЕУ го има целосното наше внимание, работењето на него е во тек

Системот за влез/излез (EES) не воведува никакви нови прописи ниту нови барања што се однесуваат на должината на престојот во Шенген-просторот. Она што го прави е да обезбеди подобра примена на постојните правила, како и подобро и посистематско откривање на нерегуларни практики, изјави Маркус Ламерт, портпарол на Европската комисија, коментирајќи го протестот на превозниците од земјите на Западен Балкан.

„Можеби повторно за правилата: според шенгенските правила, граѓаните на земјите со безвизен режим имаат право на престој во шенгенскиот простор 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој подолг од тоа мора да биде покриен со долгорочна виза или национални аранжмани. Овие правила — и ова е многу важно — се применуваат подеднакво на целиот шенгенски простор и се на сила веќе многу години. Шенгенските правила веќе предвидуваат одредена флексибилност кога станува збор за прекугранични работници“, рече Ламерт.

„А сега за конкретниот проблем што го наведовте: свесни сме дека за одреден број професионалци од трети земји, кои не се прекугранични работници, може да постои потреба за престој во шенгенскиот простор подолго од 90 дена во рамки на 180 дена. Тоа вклучува професии со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи“, додаде тој.

„Ова е исто така поврзано со националните правила и постојните билатерални договори. Тоа е прашање кое е под наше целосно внимание; работата на тоа е во тек, како и размислувањата во контекст на подготовката на претстојната Визна стратегија, која е планирана за крајот на оваа недела. Повторувам, остануваме ангажирани со нашите партнерски земји од Западен Балкан и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“, изјави Ламерт.

Извор: N1