Германците даваат стотици милиони евра за примена на вештачка интелигенција во здравството
Најголемиот германски софтверски концерн SAP и операторот на болници Фрезениус (Fresenius) сакаат заедно да ја унапредат примената на вештачката интелигенција (AI) во здравството.
Вештачката интелигенција треба да ја олесни секојдневната работа на лекарите и медицинскиот персонал во болниците.
Во рамките на стратешкото партнерство се планира платформа што ќе овозможи поврзани и на податоци засновани здравствени процеси, соопшти Фрезениус, пренесува dpa.
Двете компании планираат да инвестираат стотици милиони евра.
„Ние ги правиме податоците и вештачката интелигенција секојдневни придружници кои се безбедни, едноставни и скалабилни (можност да се справи со поголем обем на работа) за лекарите и болничките тимови“, изјави директорот на Фрезениус, Михаел Зен. Со тоа се создава повеќе простор за грижа за пациентите.
Фрезениус Хелиос е најголемиот оператор на болници во Германија. Во повеќе од 80 болници и околу 220 медицински центри за нега, годишно се лекуваат околу 5,5 милиони луѓе.
Компанијата е активна и во Шпанија и во Латинска Америка.
Веќе денес, вештачката интелигенција може да им помогне на лекарите да препознаат болести и да донесат правилни одлуки, на пример при радиолошка дијагностика.
Конечната одлука за лекување, сепак, секогаш ја носат лекарите, се наведува во соопштението.
„Заедно сакаме да поставиме нови стандарди за суверенитет на податоците, безбедност и иновации во здравството“, изјави директорот на SAP, Кристијан Клајн.
Целта е интегриран и на податоци заснован дигитален систем што ќе им овозможи на клиниките и медицинските установи безбедна примена на вештачката интелигенција, вклучувајќи и ракување со чувствителни податоци за пациентите.
Извор: b92.net

