Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Македонија бележи одреден напредок во областа на статистиката, но Државниот завод за статистика и понатаму се соочува со недостиг од кадар и финансиски средства. Ова е една од главните забелешки во најновиот извештај на Европската комисија за Поглавје 18 – Статистика, во кој нивото на подготвеност на земјата е оценето како умерено до добро. Напредокот, според Комисијата, е постигнат главно во статистиката на пазарот на трудот и социјалната статистика, националните сметки, ажурирањето на стандардите за класификација на деловните субјекти, како и обезбедувањето дополнителни човечки и финансиски ресурси.
Повеќе прочитајте тука

