- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Finance Think и МОТ: Потребна е доквалификација или преквалификација на невработените без занимање и гимназиско образование

Потребна е доквалификација - Работник
504views

Подготвил: Бобан Илијевски

Јазовите на пазарот на труд од аспект на образование се долгорочен и структурен проблем. Постои недостиг на квалификувана работна сила, суфицитарен јаз со драстично поголема понуда од побрувачка за одредени занимања и дефицит за работна сила со средни вештини, стои во резултатите од истражувањето на Меѓународната организација на трудот и Finance Think, спроведено во девет општини во Македонија: Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

Разликите помеѓу општините се евидентни, па така, за секое едно побарано работно место од регионот, има и до 47 невработени лица, се наведува во соопштението. 

„Анализата ги идентификува јазовите на пазарот на труд, преку вкрстување на понудата и побарувачката на работници, преку анализа на невработените активни баратели на работа во општините, и очекуваните вработувања според занимања и степен на потребно знаење. Но, исто така, во анализата се проценува потенцијалот за продуцирање кадар, преку анализа на образовните институции во општината“, се вели во соопштението. 

Од аспект на занимање, суфицитарните јазови на поголема понуда од побарувачка за работна сила се појавуваат кај занимањата со високи вештини, особено изразени кај правните и општествените струки, и во областа на образование и култура, се појаснува во соопштението, притоа се потенцира дека истото е и кај лицата со занимање со основно образование и оние со гимназиско средно образование. Кај занимањата со средни и ниски вештини пак, доминираат дефицитарните јазови, со недостиг од работници со средно образование, за различни занимања. „Иако, во споредба со високите вештини, кај средните и ниските вештини, јазовите според образование се позастапени, а тоа укажува дека занимањата се соодветни, но потребна е доквалификација“. 

Во соопштението се потенцира дека освен јазовите од аспект на формалното образование, квалитетот на образованието и стекнатите вештини се, исто така, значајни. Резултатите од истражувањето покажуваат дека обуките понудени од образовниот систем, не соодветствуваат со потребите на компаниите. 

„Последните иницијативи за поврзување на стручни училишта и бизнис секторот и интензивирањето на инвестициите во среднните стручни училишта се во насока за ублажување на овој проблем. Но, на среден рок потребно е преосмислување на програмите/насоките и на вештините коишто ги нуди стекнатата диплома, во согласност со потребните занимања на пазарот на труд и според потребните вештини (на пример, вештини поврзани со СТЕМ-науките, аналитички вештини, критичко размислување и слично)“, се вели во соопштението. 

Потребни се и мерки кои ќе ја подобрат квалификацијата, преку доквалификација и преквалификација на невработените лица без занимање и гимназиско образование.

Ова се дел од препораките кои се дадени во дијагностиката на пазарот на труд на локално ниво продуцирани од  Меѓународната организација на трудот и Finance Think, преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.

Дијагностиките на локалните пазари на трудот се изработени за потребите на локалните економско-социјални совети, со цел да понудат подобри и поинформирани препораки при дефинирањето на политиките и плановите за образовните приоритети и за пазарот на трудот на локално ниво.

Фото: Freepik