Наука

Google го лансираше дигиталниот преведувач на Египетски хиреоглифи

Google го лансираше дигиталниот преведувач на Египетски хиреоглифи - Работник
201views

GOOGLE го лансираше преведувачот на хиреоглифи Фабрициус – Fabricius кој што користи учење за декодирање на древните египетски знаци. Оваа функција е додадена на веќе постоечката апликација на google за Уметност и култура. Исто така, на корисниците им овозможува да преведат свој збор и емотикони кои што можат да се споделат на социјалните мрежи. 

Гугл наведува дека Фабрициус е првата таква алатка што ќе биде „тренирана“ со употреба на машинско учење „за да можат да се разберат хиероглифите“. Теоретски, треба да се подобри самата апликација со тек на време, додека луѓето ја користат.

гугл апликација за хиреоглифи – Работник

Големи најави

Верзијата на Фабрициус за работна основа им се нуди и на професионалните египтолози, антрополози и историчари за да го поддржат нивното истражување.

Еден експерт ја поздрави иницијативата, но рече дека „големите најави“ треба да се видат во контекст.

Иако е импресивно, сè уште не е на ниво што може да ја замени потребата од високо обучен експерт за читање на античките натписи, рече д-р. Роланд Емарх, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.

Остануваат некои многу големи пречки за читање на хиероглифи, бидејќи тие се рачно изработени и многу се разликуваат според времето кога се изработени и разлики помеѓу индивидуални клесари и сликари. Сепак, ова е чекор во насока на подобрување“, подвлече тој.

Дешифрирани наоди

Софтверот му овозможува на корисникот да вчита фотографии од вистински хиероглифи кои се наоѓаат на артефактите и дигитално да ги подобрува за подобра анализа на симболите.

Корисниците можат да ги следат контурите на хиероглифите што софтверот се обидува да ги поврзе со слични симболи во својата база на податоци – дозволувајќи им да бараат различни значења и да се обидат да ги дешифрираат истите.

Алатката работи со анализа на историски записи и јазични дефиниции. Но, Google се надева дека може да изгради пообемна база на податоци од страна на луѓе што ќе додадат свои фотографии во базата.

Текстови на кои им недостигаат делови

Истражувачите исто така можат да напишат и ретушираат избледени симболи во оваа програма, за што Google се надева дека ова ќе доведе до нови историски откритија. Алатката е креирана во соработка со австралискиот центар за египтологија, универзитетот Macquarie, Psycle Interactive, Ubisoft и египтолозите ширум светот.

„Дигитализацијата на текстуалниот материјал што досега е објавена само во ракописни книги, целосно ќе го промени начинот на којшто работат египетолозите“, рече д-р. Алекс Вудс од австралискиот центар за египтологија.

„Дигитализираните и преведените текстови можат потенцијално да ни помогнат да ги реконструираме текстовите по ѕидовите на кои им недостасуваат делови, па дури и да откриеме текстови што не знаевме дека беа таму“.

Лансирањето на софтверот се совпадна со годишнината од откривањето на Каменот Розета, кој е прв камен кој им овозможи на експертите да научат да ги читаат и разбираат египетските хиероглифи.

Алатката на Google е моментално достапна на англиски и арапски јазик.

Извор: Индекс