ЕкономијаМакедонија

Јавни опомени за 3 котирани друштва

На друштвата ДС Смитх АД Скопје, Пелистерка АД Скопје и ФАКОМ АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето,усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација.

На друштвoтo Факом АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, исто така му се изрекува мерка јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидиран консолидиран биланс на успех – за периодот 01.01.2026-31.03.2026 година, со што друштвото не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација.