Колку чинила просечната месечна кирија во скопските општини во втората половина на 2025-та? Агенцијата за катастар ги објави податоците
Според податоците кои што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности, највисока просечна месечна закупнина на стан во Скопје, била регстирана во Центар 22.736 денари, а најниска во Бутел 3.489 денари.
Највисока просечна цена на месечна закупнина на станбена единица во централните скопски општини постигната било во Центар – 22.736 денари, Карпош – 22.344 денари, Аеродром – 19.595 денари, Ѓорче Петров – 16.714 денари, Гази Баба – 15.799 денари, а најниска во Бутел – 3.489 денари.
– Анализата на опсегот на постигната цена на месечни закупнини по станбени единици во втората половина од 2025 година покажува дека најнизок забележан минимум на месечна закупнина за стан има во Струмица 83 денари, а највисок забележан максимум има во Центар 230.450 денари, се вели во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на недвижности за втората половина од 2025 година.

