Компанијата Nvidia сега вреди повеќе од германската економија
Економската сила на технолошките гиганти и мултинационални компании во последните години рапидно расте. Nvidia во средината на мај достигнала пазарна капитализација од 5,7 билиони долари. Со тоа е компанија која ја надминала целата економија на Германија, третата најголема економија во светот и најголема во Европа чиј бруто домашен производ (БДП) изнесува 5,45 милијарди долари.
Како пазарните капитализации на технолошките гиганти и мултинационалните компании се споредуваат со најголемата светска економија? И каде во сето тоа е Европа?
Nvidia, американска компанија за производство на плуспроводници чии чипови напојуваат се’ од видео игри до ВИ системи момнентално е највредната компанија на светот. Откако во октомври 2025 година станала првата компанија која ја преминала пазарната вредност од пет билиони долари (4,38 билиони евра), нејзината вредност во средината на мај 2026 достигнала 5,7 билиони долари (4,89 билиони евра).
Откако веќе ги пристигнала Јапонија и Велика Британија по економска големина, сега според проекциите на ММФ го надминала и германското БДП за 2026 година. Податоците за пазарната капитализација се преземени од платформата CompaniesMarketCap на ден 14 мај 2026 година. ММФ проценува дека германското БДП во 2026 година ќе изнесува 5,45 билиони долари (4,67 билиони евра). Соединетите Американски Држави остануваат најголемата светска економија со 32,38 билиони долари (27,75 билиони евра). После неа е Кина со 20,58 билиони долари (17,87 билиони евра).
Со оглед на тоа дека Германија е најголема европска економија, фактот дека Nvidia ја преминала нејзината пазарна вредност значи дека компанијата сега е поголема од секоја европска економија, вклучувајќи ја Велика Британија со 4,26 билиони долари (3,65 билиони евра), Франција со 3,6 билиони долари (3,08 билиони евра), Италија со 2,7 билиони долари (2,35 билиони евра) и Шпанија со 2,09 билиони долари (1,79 билиони евра).
Nvidia вреди повеќе од вкупното БДП на 19 земји на ЕУ
Alphabet (4,12 билиони евра) и Apple (3,75 билиони евра) исто така се поголеми од сите европски економии освен Германија, Франција (3,08 билиони евра) кои по економска големина ги преминуваат Microsoft (2,61 билион евра) и Амазон (2,46 билиони евра). Меѓутоа, двете компании и понатаму го надминуваат италијанскиот БДП (2,35 билиони евра), четврта по ред најголема економија на континентот.
Вкупниот БДП на 19 најмали економии на Европската унија изнесува 5,02 билиони долари (4,3 билиони евра), што е и понатаму помалку од пазарната капитализација од 5,7 билиони долари (4,88 билиони евра) на Nvidia.
Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг оваа недела му се придружил на Доналд Трамп во текот не неговата медиумски доста покриена посета на Кина. Хуанг уште во март изјавил дека растечката побарувачка за вештачка интелигенција би можела да ја зголеми продажбата на Nvidia на дури билион долари во наредните две години.
Петте најголеми американски компании наспрема петте најголеми европски економии
Вкупната пазарна капитализација на петте најголеми американски компании Nvidia, Alphabet, Apple, Microsoft и Amazon изнесува 20,81 билион долари (17,84 билиони евра). Тоа е повеќе од вкупното БДП на петте најголеми економии Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија кои заедно изнесуваат 18,14 билиони долари (15,55 билиони евра).
Ниедна европска компанија не е ниту блиску до американските технолошки гиганти
Холандскиот произведувач на чипови ASML е најдобро рангираната европска компанија на листата и се наоѓа на 21 место со пазарна капитализација од 610,69 милијарди долари (523,66 милијарди евра). Европа нема ниту една компанија која според големината би можела да се спореди со американските технолошки гиганти.
Швајцарскиот фармацевтски гигант Roche има пазарна капитализација од 335,1 милијарда долари (287,44 милијарди евра), додека британската AstraZeneca вреди 286,84 милијарди долари (246 милијарди евра).
Пазарната капитализација и БДП-то мерат различни работи. БДП-то ја претставува вкупната вредност на добра и услуги произведени во една економија во текот на годината, додека пазрната капитализација ја претставува пазарната вредност на капиталот на компаниите и ги одразува очекувањата на инвеститорите за идна заработка и потенцијален раст.
Сепак, оваа споредба пружа впечатлива илустрација на размери кои овие компании ги достигнале.
Извор: BIZLife.rs/Euronews

