Лажни понуди за работа на социјалната мрежа LinkedIn: Измамата е глобална, јадицата локална
Измамите со работа на LinkedIn станале епидемија без граници. Изманиците ја користат економската криза во која сѐ поголем број на луѓе остануваат без работа, а лажните понуди за работни места досега ги чинеле жртвите ширум светот од неколку стотина, па дури и до 25,000 долари поединечно. Криминалците неверојатно успешно ги прилагодуваат своите тактики на секоја држава, од актуелните економски ситуации и движења во локалната индустрија, до култура и начин на однесување.
Иако деловната мрежа LinkedIn во сопственост на Microsoft им овозможува на милиони корисници да создадат деловни мрежи, да пронајдат или да го променат работно место, таа станала и ловиште за измаманици. Во својот извештај за транспарентноста за периодот јули – декември 2024 година, LinkedIn навел дека идентификувал и отстранил 80,6 милиони лажни профили во моментот на регистрација, во однос на 70,1 милион во претходните шест месеци,
Според податоците на Федералната тргвска комисија, во САД наводните понуди за работа биле втор најчест вид на пријавени измами во текот на 2024 година, по лажните испораки на пакети.
LinkedIn објавил официјално соопштение во кое се тврди дека експертите во оваа компанија успеваат однапред да откријат и отстранат дури 99 % од лажните профили, како и дека вградиле функција која им помага на корисниците да утврдат колку понудите за работа се вистински и веродостојни. Тие го вклучуваат системот за верификација и на профилите на лицата кои во име на некоја компанија објавуваат конкурси за одредена позиција, за евентуалните кандидати да можат да проверат дали тоа лице навистина работи во конкретната фирма и полесно да го утврдат неговиот идентитет.
Исто така, достапни се и филтери за верифицирани работни места и безбедносни алатки, на корисниците им се испраќа предупредување за понуди кои делуваат сомнително и истовремено олеснета е процедурата за пријавување на измами.
И покрај тоа, лажните понуди за работни места досега ги чинеле жртвите ширум светот од неколку стотина, па дури до 25,000 долари поединечно, а експертите проценуваат дека бројот на вакви измами расте среде масовните отпуштања во актуелната светска криза. Измамите моментално се најмногу раширени во оние делови од светот каде економската ситуација е особено тешка, а самиот легален систем за вработување е корумпиран, или во индустриите кои ангажираат најголем број работници.
Наседнуваат и ИТ експертите во Индија
Индија моментално е едно од жариштата за измами преку LinkedIn, особено во ИТ индустријата која вработува милиони луѓе и нуди високо платени позиции. Но, глобалната криза во ИТ секторот се одразила и врз индиските кадри во оваа област, бидејќи поради големиот пад на понуди од странските технолошки компании пораснал притисокот на домашниот пазар.
Измамниците често се претставуваат како ментори на LinkedIn, ветувајќи им на кандидатите помош при пронаоѓање на работа во компаниите како што се Мета, Ејпл, Амазон, Нефликс, Гугл… Измамниците глумат дека се наоѓаат во просториите на одредената компанија, чие лого и изглед на канцеларијата вешто ги имитираат, за да делуваат што поуверливо кога нудат бесплатна „помош“ околу составувањето на биографиите и препораките.
Потоа им ласкаат на кандидатите во текот на повиците, барајќи нивни препораки „со пет ѕвездички“ во замена за бесплатна помош. Кога ќе соберат доволно позитивни рецензии, наплатуваат стотици или илјадници долари за понапредни услуги за менторство или вработување.
Измамите околу вработувањето во технолошкиот сектор во Индија станале толку распространети, што тамошните водечки компании во овој сектор често ги предупредуваат на нив луѓето кои бараат работа. Така фирмите како што се Тата група и Инфосис, имаат посебни делови за „предупредување за измами при вработување“ на своите официјални веб страни, во кои се наведени совети за идентификување на измамниците.
Неодамна по тој повод се огласил и американскиот технолошки гигнат Амазон. Компанијата предупредила дека во Индија сѐ повеќе агенции и поединци нудат услуги за вработување на ИТ експерти во таа фирма, барајќи за возврат пари, што одамна укажува на тоа дека станува збор за измама бидејќи Амазон не наплаќа надоместок ни во една од фазите на својата регрутација за новоотоврени работни места.
Во Кенија официјално нема „бесплатна работа“
Во Кенија ситуацијата е уште полоша, бидејќи индустријата на вработувања во голема мерка е неорганизирана и прилично корумпирана кога станува збор за официјалните институции и служби. Бидејќи структурата на економијата и образованието се многу поинакви од тие во Индија, најмногу се нудат лажни позиции во производството, особено во преработка на земјоделски производи и во градежништвото. Изманиците со наводните позиции нудат услуги процесот на регрутција за одредени кандидати малку да го „забрзаат“ и да достават препораки „каде треба“, секако со одреден надомест.
Бидејќи мито многу често бараат и оние кои навистина се надлежни за вработување во некоја фирма, а начинот на прием на кандидати во постоечките претпријатија е крајно нетранспарентен, границата помеѓу вистинските и лажните понуди за работа е многу нејасна. Тоа ширум им ги отвора вратите на криминалците и им дава голема можност за злоупотреба.
Имено, кај очајните луѓе кои неретко се невработени и со години, дури и кога ќе се посомневаат дека нешто не е во ред, желбата дека можеби ќе најдат работа го надвладува стравот од измами.
Измамниците тоа одлично го знаат и затоа ги прилагодуваат своите шеми на системот за вработување на кој жителите на Кенија веќе се навикнале, со други зборови дека нема „бесплатна работа“.
Фаќање за сламка во Нигерија
Невработеноста во Нигерија е толкава, што многумина повеќе и не бараат работа по струката, туку ги прифаќаат понудите по принципот „дај што ќе дадеш“. Затоа измамниците во таа земја најчесто нудат разни позиции за промоција на одредени производи и услуги на наводни стартап фирми кои „многу брзо растат“ и „многу ветуваат“. На луѓето во потрага за работа им се пружаат „шанси“ да заработат од дома работејќи такви работи, со ветување дека станува збор за износи кои се над просекот во земјата, и дека е можна исплата и во криптовалути.
Освен што од жртвите бараат да уплатат надоместок за да влезат на листата за такви позиции, измамниците бараат и да им ги достават своите податоци, за на „идниот вработен“ да му покажат конкретен пример што е потребно да направи. Кога жртвата ќе ја уплати побараната сума и ќе ги достави своите податоци, веќе следниот ден губи пристап до својот LinkedIn профил, а криминалиците ги користат нејзините податоци за лажни препораки во наредните измами. Не е редок случај жрвата после тоа повеќе никогаш да не успее да ја врати контролата над својот профил.
Се случува и измамниците од поединецот да бараат да го постави нивниот оглас на својот профил, со ветување дека заработката ќе зависи од бројот на следбеници. Секако, претходно мора да ги достави своите податоци, а кога ќе започне да расте бројот на следбеници, криминалците го хакираат профилот на корисникот.
Плати го патот до непостоечки фирми во странство
Спротивно на Нигерија, невработеноста во Мексико е значајно помала, но повеќе од половина од работниците се ангажирани во неформални работи како што се самовработени улични продавачи, куќни помошници, работа во фирми кои се во сивата зона… Тоа значи дека добро платените официјални позиции се ретки, а милиони работници работат без социјална заштита и било каква сигурност дека преку ноќ нема да бидат заменети со други.
Измамниците тоа го користат за да рекламираат лажни формални позиции, а најголемиот мамец се наводните отворени позиции во меѓународните компании. Меѓутоа, лицето кое сака да конкурира за таква позиција, прво мора да го плати патот до наведената дестинација во странство, за наводно лично да го обави интервјуто со претставниците на фирмата. Криминалците доставуваат банкарски сметки на кои „кандидатите“ треба да уплатат одреден износ во долари, а откако ќе го направат тоа, ја прекинуваат комуникацијата.
Технолошката компанија Luksoft Meksiko ја предупредила јавноста на изманици кои го користат нејзиното име за да ги намамат жртвите, како и на поединци кои лажно се претставуваат дека се вработени во таа фирма и бараат надомест за помош во процедурите околу вработувањето.
Извор: Rest of World

