ЕкономијаМакедонија

Меѓу можностите и желбата за студирање: Колкави се трошоците на еден студент во Македонија?

Почетокот на новата академска година и почетокот на студентскиот живот на еден бруцош треба да биде значаен и среќен момент, исполнет со голема мотивација и оптимизам, но за многу студенти тоа одамна не е така.

Цените не мируваат, а секој студент на почетокот од годината треба да направи свои пресметки колку ќе го чини доаѓањето во Скопје на студии и дали тоа може да си го дозволи.

Доколку се навратиме неколку години наназад и ако споредуваме со 2021 година, само некои од билетите за меѓуградски превоз поскапеле за околу 108 отсто, а доколку го разгледаме поскапувањето на храната, таа е поскапа за околу 50 проценти.

Математички илустрирано, тоа изгледа така што еден студент од надворешноста, со истите средства, можел двапати во месецот да си оди дома, а сега ќе треба да доплати за да може и само еднаш да отиде на викенд.

Додека пак, ако ја споредуваме храната, тогаш доколку во 2021 година можел со пријателите да јаде надвор барем еднаш во неделата, или четири пати месечно, со денешните цени тоа може да го прави двапати месечно.

Повеќе на Фактор