Mercedes ќе отпушти 20.000 работници
Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите, како што се божиќните бонуси
Mercedes најавува отпуштање на десетици илјади вработени и реструктуирање со цел да се прилагоди на состојбата на пазарот.
По Volkswagen, кој претходно најави затворање на фабриките и отпуштање на повеќе од 30.000 работници, кризата во германската автомобилска индустрија ги погоди и другите големи производители. Mercedes наводно планира да отпушти околу 20.000 вработени.
Минатата година најавија дека ќе укинат 15.000 работни места до 2027 година, но познавачите на случувањата во компанијата тврдат дека бројот на отпуштања може да се зголеми на 20.000. Со овие мерки се очекува да се заштедат пет милијарди евра, што треба да обезбеди стабилност на компанијата и отпорност на кризи во иднина, пишува Fenix-magazin.de.
Причините за ова намалување лежат во падот на бројот на нарачки и бавното прилагодување на промените на пазарот. Тоа се аргументи кои можеше да се слушнат и претходно.
Но, тоа не е се.
Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите, како што се божиќните бонуси. Слободните места поради отпуштања или пензионирање повеќе нема да се пополнуваат, а наводно се планира и продажба на одредени производствени капацитети. Веќе се шпекулира за продажба на фабрика за возила за испорака во Аргентина, во која работат 2.000 луѓе.
Сите приходи, освен за отпремнината, ќе бидат насочени кон развој на електрични автомобили и високотехнолошки мотори со внатрешно согорување, но тие сакаат да се фокусираат на покривање на трошоците.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025