Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.
Како што наведува, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите.
– Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти – вели Мицкоски.
Тој потенцира дека Владата останува посветена на спроведување мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување поголема економска сигурност.

