МакедонијаСветот на работникот

Најавено зголемување на платите за припадниците на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави почеток на преговори за нов колективен договор, што треба да донесе зголемување на платите за припадниците на Армијата. Како што посочи, разговорите со синдикатите започнуваат од понеделник, а од следната година е предвидено покачување и на платите и на бодот за пресметка на примањата.

Според Мисајловски, во наредните години ќе следува и процентуално зголемување на платите, во согласност со буџетските можности. Тој оцени дека ова е важен чекор кон подобрување на статусот на армиските припадници и обезбедување посоодветни услови за нивната работа.

Министерот истакна дека Министерството за одбрана паралелно работи и на сервисирање на обврските наследени од минатото, особено по основ на тужби, за кои секоја година се исплаќаат неколку илјади предмети. Со актуелниот ребаланс на Буџетот, како што нагласи, приоритет е покривање на старите долгови, но и обезбедување средства за подобрување на капацитетите и нови инвестиции во Армијата.

Извор: Кариера