Никогаш не потпишувајте веднаш – еден лист хартија може да ве чини плата, отпремнина и право на надомест
Многу врботени кои се соочуваат со отказ или со притисок од работодавачот често мислат дека спогодбениот прекин на работниот однос е најдобро и најбезболно решение. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека токму во тие моменти треба да се биде највнимателен, бидејќи еден брзоплет потпис може да има сериозни последици по правата на вработениот, идната плата и надоместокот за невработеност.
Посебно е важно вработените да не носат одлуки под притисок, без доволно време внимателно да го проучат документот кој им е понуден, пишува Beobachter.
Како започнува притисокот на вработениот
Еден работник од секторот за осигурување, кој повеќе од една деценија работел во истата компанија, се нашол во проблеми по доаѓањето на нов раководител. Она што со години функционирало без проблеми одеднаш станало предмет на критики и преиспитувања.
Со текот на времето притисоците се зголемувале, а секојдневните замерки довеле до стрес, несоница и пад на самодовербата. Кога после боледувањето се вратил на работа, го пречекал ултиматум – или да потпише спогодбен раскин на договорот или да добие отказ.
Ваквите ситуации не се реткост и токму тогаш вработените најчесто прават грешка.
Спогодбениот раскин може да биде корисен, но само под одредени услови
Спогодбениот прекин на работниот однос не е нужно лоша опција. Во одредени околности може да биде поволен и за вработениот и за работодавачот.
Со него прецизно можат да се уредат:
- датумот на престанок на работниот однос,
- висина на отпремнината,
- ослободување од работа во текот на отказниот рок,
- начин на користење на годишниот одмор,
- препорака од работодавачот,
- помош при пронаоѓање нова работа.
Токму поради тоа секој детаљ од спогодбата мора да биде прочитан и анализиран.
Најголема грешка: Потпишување под притисок
Правниците предупредуваат дека ниеден работодавач не може да го натера работникот веднаш да ја потпише спогодбата.
Ако документот ви го стават на маса и побараат од вас веднаш да го потпишете, имате полно право да побарате време за размислување и консултација со адвокат или експерт по трудово право.
Искуствата покажуваат дека многу вработени подоцна жалат поради одлуката која ја донеле во момент на шок.
„Само сакав што е можно побрзо да излезам од канцеларија и да ја завршам целата приказна“, е реченица која експертите често ја слушаат од луѓе кои потпишале спогодба без детално анализирање.
На што посебно треба да се обрати внимание
Пред потпишување на спогодбениот раскин важно е да се проверат неколку клучни работи:
Отказен рок
Не се согласувајте на кратење на законски отказниот рок доколку немате обезбедно нова работа.
Отпремнина
Проверете дали износот кој ви се нуди навистина одговара на вашиот работен стаж и позиција.
Надомест за невработеност
Во поединечни случаи спогодбениот раскин може да влијае на правото на паричен надоместок од службите за вработување.
Годишен одмор и прекувремени часови
Неисокористениот годишен одмор и евентуалната прекувремена работа мораат да бидат јасно регулирани со спогодбата.
Добрата препорака не смее да биде средство за уцена
Поединечни работодавачи се обидуваат вработениот да го натераат да го потпише спогодбениот раскин со ветување дека ќе добие подобра препорака.
Меѓутоа, експертите истакнуваат дека препорката мора да биде базирана на вистински резултати за работа и не би смеела да зависи од тоа дали вработениот се согласил на понудената спогодба.
Поради тоа се советува ваквите ветувања да не се прифаќаат како главна причина за потпишување на документот.
Може ли спогодбата да се оспори?
Во одредени ситуации може.
Ако се докаже дека вработениот бил изложен на сериозен притисок, со закани или дека спогодбата била изразено неповолна по него, постои можност за покренување на постапка за оспорување.
Сепак, таквите процеси можат да бидат долготрајни и неизвесни, поради што е многу подобро да се спречи проблемот отколку подоцна да се решава на суд.
Најважен совет за вработените
Губењето работа е стресен момент и токму тогаш многумина носат одлуки кои подоцна скапо ги плаќаат. Затоа експертите советуваат ниеден спогодбен раскин да не се потпишува на брзина.
Неколку дена дополнително размислување, разговор со правник или синдикат и внимателно читање на секоја ставка можат да направат огромна разлика помеѓу добар договор и сериозен проблем кој ќе ве следи со години.
Бидејќи кога еднаш ќе ставите потпис на спогодбениот раскин, враќање во главно нема.
Извор: Bizportal.rs

