Околу 14.000 луѓе протестираа во повеќе од 60 градови во Грција поради високите трошоци за живот
Околу 14.000 работници, ученици и студенти учествуваа во протестите што вчера се одржаа во повеќе од 60 градови во Грција, во рамки на генералниот штрајк организиран од синдикалната конфедерација на вработените во јавниот сектор АДЕДИ (ADEDY), објави Танјуг.
Протестите се одржаа во Атина, Солун и во десетици други градови, а главните барања на демонстрантите беа враќање на 13-та и 14-та плата, како и зголемување на заработувачката, пренесуваат грчките медиуми.
Во Атина, протестот започна во 10:30 часот на плоштадите „Пропилеја“ и „Клафтмонос“, додека во Пиреја демонстрантите се собраа половина час порано.
Штрајкот и протестите беа организирани во знак на незадоволство од високите трошоци за живот и барањата за подобрување на финансиската состојба на работниците.

