Ова се најплатените професии за младите во САД: Погледнете ги саатнините, па споредете ги со нашите
Работењето на половина работно време (part-time) одамна станало вообичаен чекор во растењето на младите ширум светот, особено во текот на летните месеци. Покрај џепарлакот, првите работни искуства го носат она најважното, рано разбирање на тоа како функционира бизнисот и стекнувње на работни навики.
Новата анализа на платформата Resume Genius, заснована на податоци од американското Биро за статистика на трудот (BLS), ги идентификувала најплатените позиции за тинејџери и млади. Резултатите покажуваат дека занаетите и лидерските позиции во малопродажбата и угосистелството носат убедливо најголеми саатнини.
Автомеханичарите на врвот на листата
Прво место на листата на најплатени заземаат автомеханичарите и техничарите, со медијална саатнина од речиси 24 долари. Како што истакнуваат експертите за кариера, за овие позиции потребен е природен талент за механика и базично познавање на возила, но младите кои ги поседуваат овие вештини можат да заработат сериозни пари, пренесува CNBC Make It.
Од друга страна, иако платите варираат во зависност од бакшижот, келнерските позиции се и натаму најпопуларни меѓу младите. Причината лежи во огромниот број отворени позиции и флексибилноста, бидејќи смените во угостителството најлесно се усогласуваат со училишните и студентските обврски.
Исто така, професиите како туторство (приватни часови) или спортски тренинг се идеални за младите бидејќи се директно поврзани со училиштето. Ако некој се истакнува во одреден предмет или спорт, може одлично да заработи работејќи го она што го сака и во што е успешен.
Топ 10 најплатени позиции за млади
| Позиција | Просечна саатнина | Број на ангажирани млади |
| 1. Автомеханичар / техничар | 23,88 $ | 44.000 |
| 2. Бејбиситер (чување деца) | 23,08 $ | Нема податоци |
| 3. Супервизор во малопродажба | 22,75 $ | 37.000 |
| 4. Спортски тренер / скаут | 22,08 $ | 60.000 |
| 5. Супервизор во угостителство | 20,20 $ | 25.000 |
| 6. Тутор / приватен професор | 19,27 $ | 19.000 |
| 7. Работник на дополна на рафтови | 18,72 $ | 188.000 |
| 8. Градинар | 18,31 $ | 74.000 |
| 9. Келнер/ келнерка | 16,23 $ | 360.000 |
| 10. Воспитувач / помошник во градинка | 15,41 $ | 101.000 |
Од „работа од корист“ до менаџерски позиции
Иако поголемиот дел од младите на овие позции гледаат само како на прилика за брза заработка, а не како отскочна даска за кариера, секое работно искуство во раната возраст носи огромна предност подоцна на пазарот на труд.
„Младите кои поминуваа низ овие позиции веќе знаат како изгледа интервју, имале нареден и научиле како да функционираат во тим. Тоа искуство е непроценливо. Вештините кои тука ги стекнуваат се лесно преносливи на било која идна кариера“, објаснуваат експертите.
Интересно е тоа што на листата се наоѓаат и супервизорски (менаџерски) позиции во малопродажба и угостителство, кои носат повеќе од 20 долари на час. Тоа покажува дека компаниите ги препознаваат и унапредуваат младите кои остануваат на истата работа подолго од една година и покажуваат лидерски потенцијал.
За да напредуваат, младите работници мораат да покажат високо ниво на комуникациски вештини, доверливост, зрелост и прилагодливост.
За позициите како чување деца често се потребни специфични сертификати (како за прва помош). Сепак, најважниот совет за младите кои сега почнуваат е добро да проценат колку енергија и сон ќе им одземе таа работа. Ако се’ уште се во процес на школување, работата мора да биде усогласена со времето за учење и здрав распоред на спиење.
Извор: BIZLife/K. J.

