ЕкономијаМакедонија

Oва се новите цени на горивата

Цените на горивата се намалуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од утре, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по нова цена од 75 денари за литар, што е намалување од 0,5 денари. Исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+, кој ќе чини 77 денари за литар.

Поголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, кој поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 65,5 денари за литар. За 1 денар се намалува и цената на ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО за домаќинство, кое ќе чини 68 денари за литар.

Од друга страна, цената на мазутот бележи пораст од 0,6 денари, и новата цена ќе биде 37,4 денари по килограм.

ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58%  во однос на одлуката од 11.08.2022 година.

 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%,  кај  дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит,

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит,

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95  –   88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98   –  91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  –   90,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     –  86,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС    –   52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.