Вести

Оваа држава ќе ги укине домашните задачи за првачињата

Русија ги укинува домашните задачи за првоодделенците, почнувајќи од новата учебна година, објави „РИА Новости“, повикувајќи се на документ од руското Министерство за образование и наука.

„Налогот утврдува дека во прво одделение, наставата се изведува без домашни задачи. Одредбата за вкупниот обем на домашни задачи за сите предмети во траење од еден час е исклучена“, се наведува.

Претходно, според „Методолошките препораки за организација на домашните задачи за учениците во општообразовните организации“, ова беше дозволено, но мораше да биде постепено воведено, а времето за домашните задачи не треба да биде повеќе од еден час.