Џорџ Клуни во Венеција, на филмскиот фестивал, ќе ја добие наградата „Златен лав“ за животно дело
Актерот Џорџ Клуни ќе ја прими наградата „Златен лав“ за животно дело на овогодишниот филмски фестивал. Фестивалот ќе се одржи од 2 до 12 септември, во Венеција.
-Овој фестивал е, без сомнение, мојот омилен и да се добие наградата „Златен лав“ е огромна чест. Тоа веројатно значи и дека сум стар, но ќе го прифатам, шегувајќи се изјавил Клуни.
Според уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, Клуни, кој воедно е и двократен добитник на Оскар, е комплетен и харизматичен уметник.
-Неговите ликови не само што се уверливи, туку се и привлечни, пристапни и човечни, благодарение на неговиот неспорен шарм, изјавил Барбера. Харизмата на Клуни се темели на неговата автентичност, а не на неговиот имиџ, бидејќи неговата заводлива страна никогаш не била само естетска, додал тој.
Според него, Клуни претставува совршена комбинација на ѕвезден гламур од минатиот век, извонреден професионализам и современа чувствителност.
-Овие квалитети само ја потврдуваат неговата разновидност и уметничка зрелост, истакна Барбера.

