МакедонијаСветот на работникот

Панова: Активно работиме на намалување на невработеноста, Оперативниот план за 2026 година повторно со фокус на младите

„Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност во земјава“, кажа Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува опфат на над 10.000 лица и е во вредност од скоро 40 милиони евра.

Главен приоритет е отворањето нови работни места, при што предвидени се повеќе од 32 милиони евра коишто се директно наменети за таа цел.

Младите повторно се во фокусот, а според Оперативниот план за оваа година, најголем дел од средствата се насочени кон лицата до 29 години.

Севкупно, Оперативниот план за 2026 година предвидува вклучување на речиси 6.000 млади лица до 29 години.

Дополнително, предвидена е стимулација за вработување на младите во производните капацитети, каде за околу 3.500 млади лица до 23 години се предвидува младински додаток од 3.000 денари. Воедно, се предвидуваат и обуки, практикантства и мерки за подобрување на вештините и квалификациите со цел полесна интеграција на пазарот на труд.

Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, додека со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица.

Во споредба со 2025 година, за прв пат беа воведени таргетирани мерки за младите и како дел од оваа поддршка во Програмата за самовработување со грант (претприемништво) беа вклучени над 2.600 лица, од коишто скоро 1500 млади до 29 години, а како резултат на тоа пак беа отворени скоро 2200 нови правни субјекти.

Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за домашната економија, за намалување на невработеноста. Преку различни мерки и политики настојуваме да се поттикне економски раст, да се поддржат малите и средни претпријатија и да се подобри животниот стандард како и условите за вработување“, изјави Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.