ЕкономијаСвет

Просечната априлска нето плата во Хрватска е 1.552 евра

Просечната месечна нето плата во Хрватска за април изнесуваше 1.552 евра, што е номинално пониско за 0,2 проценти, а реално за 1,8 проценти во споредба со март, објави Државниот завод за статистика на Хрватска (ДЗС).

На годишно ниво, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 7,9 проценти, а реално за два проценти во споредба со април 2025 година.

Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за април 2026 година е исплатена во категоријата компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и други информациски услуги и изнесува 3.077 евра.