- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Smart Start – студентска програма на Македонски Телеком за професионален развој и одличен старт на кариерата

Smart Start – студентска програма на Македонски Телеком - Работник
130views

Македонски Телеком ги отвора вратите за студентите коишто имаат амбиција и желба за личен раст и развој во доменот на дигитална трансформација.

Програмата Smart Start е предизвик и можност за најдобрите студенти за почеток на професионалниот развој и практично искуство со најнови технологии под лидерство на врвни професионалци од Македонски Телеком.

Програмата е наменета за студенти од втора година до крајот на дипломските студии, како и за постдипломците од претходно одбрани технички, ИТ и економски факултети од земјата. Младите студенти ќе добијат можност да го надополнат своето академско знаење со практично искуство во областа на економија, маркетинг, е-бизнис, аналитика на податоци, управување со производи и други деловни области.

Заинтересираните можат да се пријават за еден или повеќе од 11-те понудени проекти, меѓу кои: Аугментирана и виртуелна реалност, Оптимизација на решенијата за паметен град, Телеком ИТ лаб и др. Пријавувањето почнува на 8 март преку онлајн апликацијата на веб-страницата на Македонски Телеком, а избраните кандидати ќе се знаат на почетокот на следниот месец.

Создавањето, но и задржувањето квалитетен кадар, со години претставува еден од најголемите проблеми во нашата земја. Македонски Телеком, преку иницијативата Smart Start, ќе им даде шанса на младите луѓе да го започнат својот професионален развој преку практична работа во компанија којашто е лидер во својата индустрија и каде растот и развојот на вработените во новото дигитално време имаат приоритетно место.

Приклучете се на Smart Start предизвикот и добијте можност да користите врвни платформи за учење и развој и да бидете дел од процесот на дигитализација.

Повеќе информации на: www.telekom.mk или преку вклучување во групата на Facebook.