Србин покажал како изгледа сместувањето на сезонска работа во Хрватска: Погледнете како навистина ги третираат работниците, цел регион занемел „Таков ви е и газдата“ (ВИДЕО)
Снимката која на Тикток ја објавил српскиот инфлуенсер повторно го насочило вниманието кон условите во кои во текот на туристичката сезона престојуваат сезонските работници на хрватското крајбрежје. Овојпат, во фокус е пример кој во главно предизвикал позитивни реакции.
Авторот на профилот „Димитрије патува“ споделил видео од сместувањето наменето за сезонските работници на Корчула, а кадрите кои ги покажал привлкле големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи.
Во снимката ги обиколува собите, тоалетот и заедничките простории, истакнувајќи дека квалитетот на сместувањењто многу зборува за односот на работодавачот кон вработените. „Таков е и газдата“, порачал во видеото, алудирајќи на тоа дека односот кон работниците често најдобро го отсликуваат токму условите во кои се сместени.
Видеото за кратко време остварило голем број на прегледи и собрало бројни позитивни коментари. Покрај пофлабите на сметка на уреденоста и квалитетот на сметувањето, многу корисници истакнале дека сезонските работници заслужуваат достоинствени услови за живот и работа. Имало и такви кои укажале на тоа дека пронаоѓањето на адекватно сместување во текот на сезоната е се’ потешко поради зголемениот број на работници и ограничените сместувачки капацитети.
@dmitrije_putuje Kako izgleda moj smeštaj na sezoni u Hrvatskoj?
♬ Vlog/Gentle/Stylish/Lo-Fi(1509024) – bunkiman
Прашањето за сместувањето на сезонските работници веќе со години предизвикува полемики во јавноста, а поединечните примери во текот на летните месеци често стануваат тема на социјалните мрежи и во медиумите. Оваа снимка на Корчула покажала дека постојат и позитивни примери кои го привлекуваат вниманието на јавноста.
Извор: Blic.rs

