СОНК оствари работна средба со МОН и УНИЦЕФ, тема: оптимизацијата во образованието
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Работна средба со претставници на МОН и UNICEF.
Тема: процес на оптимизација во образованието
Констатација е дека овој процес е од суштинско значење и за вработените во образованието и за финансиската одржливост на оваа значајна дејност.
МОН предлага повеќе чекори и мерки за што побезболно да се заврши овој процес и никој да не остане без работа.
СОНК, МОН, локалните самоуправи и UNICEF се убедени дека со искрен партнерски пристап во периодот од неколку години успешно ќе се заврши процесот на оптимизација и ќе се формираат паралелки во согласност со Законот.
Консатирано е дека во јавноста се пласираат невистини во однос на одредени притисоци и потпишување на договори на определено време, што претставува шпекулација и манипулација со вработените во образованието и јавноста.

