Светот на работникот

Србинка останала без работа во Германија, па сака во Хрватска – прашала колку е тешко да се добие работна дозвола, одговорите ја изненадиле

Србинка која останала без работа во Германија прашала колку е тешко да се добие работна дозвола во Хрватска. Еве што и’ одговориле и какви се официјалните податоци.

Државјанка на Србија која останала без работа во Германија побарала совет на Reddit за тоа колку е тешко да се добие работна дозвола и престој во Хрватска. Нејзината објава привлекла големо внимание, а бројни корисници ги споделиле своите искуства и информации за процедурата за вработување на странски државјани, пишува Dnevno.

Како што навела, има 31 година, дипломиран инженер по електротехника и зад себе има повеќе од седум години искуства во проектирање на осветлување и електроинсталција.

„Во последните неколку месеци работев во Германија, но неодамна останав без работа“, напишала.

Германија и’ дала рок да достави документација

Објаснила дека германските власти и’ дале рок до 17 август да ја достави документацијата за дозвола која би и’ овозможила да остане во земјата додека бара нова работа.

Меѓутоа, постои проблем.

„Морам да докажам дека имам доволно пари за издржување, а тие пари моментално ги немам ниту можам да ги позајмам“, навела.

Во меѓувреме запознала дечко од Хрватска и сериозно размислува да се пресели доколку најде работа.

„Веќе започнав да испраќам апликации за работа во Загреб“, додала.

Прашала колку е тешко да се добие работна дозвола во Хрватска

На Reddit поставила неколку праша кои ги интересираат многу граѓани од Балканот кои размислуваат да работат во Хрватска.

„Колку во пракса е тешко да се добие работна дозвола и престој ако имам понуда за работа? Колку обично се чека? Дали хрватските работодавачи се подготвени да вработат државјани на Србија и да ја завршат потребната администрација? Постои ли нешто на што би требало посебно да обрнам внимание?“, прашала таа.

Корисници на Reddit: Ако имаш работа, процедурата не е комплицирана

Во коментари и’ порачале дека, доколку добие понуда за работа, не би требало да има големи проблеми околу добивањето на работната дозвола.

Еден корисник напишал дека постапката најчесто трае помеѓу еден и два месеци, со можност да се продолжи во текот на периодот на годишни одмори поради бавната администрација.

Друг истакнал дека работодавачот е должен да ја спроведе постапката за издавање на работна дозвола, додека трет со шеговит тон искоментирал:

„Ако работници од Пакистан можат легално да дојдат во Хрватска за шест месеци, би сакал да верувам дека граѓаните на Србија можат и побрзо.“

Хрватска издала повеќе од 94.000 работни дозволи

Податоците покажуваат дека Хрватска и понатаму бележи голема потреба за странска работна сила.

Според Законот за странци, од 1 јануари до 30 јануари 2026 година издадени се 94.113 дозволи за работа и престој.

Најмногу дозволи се одобрени во следните дејности:

  • туризам и угостителство – 39.054,
  • градежништво – 23.780,
  • индустрија – 10.885,
  • сообраќај и врски – 5.884,
  • трговија – 5.605.

Од вкупниот број на издадени дозволи, 37.230 се однесуваат на ново вработување, 36.601 на продолжување на постоечките дозволи, додека 20.282 се издадени на сезонски работници.

Србите на второ, Македонците на петто место по бројот на издадени дозволи

До 30 јуни 2026 година најмногу дозволи им се издадени на државјаните на:

  • Босна и Херцеговина – 17.330,
  • Србија – 15.863,
  • Филипини -14.201,
  • Непал – 12.874,
  • Македонија – 8.361,
  • Индија – 5.607,
  • Узбекистан – 3.922,
  • Косово – 3.299,
  • Египет – 1.686,
  • Албанија – 1.530.

Извор: Bizportal.rs